ЗЕТОТ НА ТРАМП, ОСТАНА БЕЗ ПРИВИЛЕГИИТЕ: Сопругот на Иванка Трамп и зет на Доналд Трамп, остана без пристап до доверливи информации

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џаред Кушнер, зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе нема пристап до доверливи информации од највисокото ниво означени под графата „Строго доверливо“, тврди неименуван претставник од Белата куќа. 

Според истиот извор, Кушнер и уште неколку вработени во Белата куќа биле информирани во петокот дека нивниот пристап до доверливи информации бил намален од „строго доверливо“ на „доверливо “ ниво.

Досега Кушнер имаше привремено овластување за пристап до документите што содржат најделикатни информации.

Кушнер, кој е оженет со Иванка Трамп, најстарата ќерка на американскиот претседател, е задолжен за преговорите за израелско- палестинскиот мировен процес. <

Ваквата информацијата беше соопштена по објавувањето дека многу соработници на Трамп се уште не добиле дозвола за постојан пристап до класифицираните информации, но и покрај тоа работат непречено со такви документи.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This