ЧЛЕНОТ НА ИЗВРШНИОТ НА СДСМ ТРЕБАЛО ДА ИСПЛАТИ РАТА НА „КАНВАС“: Со пари од бизнисите на Заев, Шеќеринска и Шилегов се плаќа „Канвас“ за нови немири!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Каде ги носеше парите зетот на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц, Виктор Петрушевски и чии пари беа запленети од Српската царинска управа е прашање кое ќе треба да го одговори истрагата

audi_cic_kanvas

Утринава на граничниот премин Табановце, на српската страна беше задржан зетот за ќерка на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц кај кого беа пронајдени речиси 20.000 евра во кеш, односно 18.000 евра, 700 долари и 15.000 денари.

Чии беа парите, и зошто нелегално се обидел да ги префрли преку граница, е прашање на кое кумановската чаршија уште веднаш понуди одредени одговори.

Меѓу другото, беше спомнато дека најверојатно се работи за пари од нелегалната трговија со прислушкувани разговори, или перење пари од фирмите на Заев, но и провизиите на Шеќеринска и Шилегов.

Виктор Петрушевски, освен во улога на зет за ќерка на Циц, се јавува и во улога на висок функционер на СДСМ како член на Извршниот одбор, инаку највисок орган на партијата по Конгресот.

viktor_izvrsen

Истиот често може да биде забележан во друштво на високи функционери на СДСМ, но и во друштво на Зоран Заев, Оливер Спасовски и претседателскиот кандидат на СДСМ кој го нарекуваше народот стока Стево Пендаровски.

petrusevski_pendarovski

petrusevski_oliver

Според првичните неофицијални информации од партиски извори во СДСМ, парите најверојатно му биле дадени од Шилегов, Шеќеринска и Заев, а биле наменети за Срѓа Поповиќ од терористичката организација „Канвас“.

Во изминатите неколку години „Канвас“ беше организацијата платена од СДСМ, а задолжена за организирање на т.н. шарена револуција, која ја втурна Македонија во политичка криза, која оттогаш до денес се продлабочува.

Она што го дознаваме е дека, Заев повторно добил инструкции за активирање на „Канвас“ со цел создавање на немири и судир со иницијтивата „За Заедничка Македонија“ имајќи во предвид дека народот нема да дозволи СДСМ насилно да го превземе Собранието и да ја протурка Тиранската платформа.

Тука, во улога се јавува и зетот на Циц, Виктор Петрушевски кој служи како курир на Заев за плаќање на ратите кон „Канвас“ за организирање на нови немири.

Петрушевски инаку важи и за добар пријател со пратеникот на СДСМ Максим Димитриевски, кој минатата недела беше дел од инцидент кој се случи во Куманово кога истиот претепа момче кое нарачало Македонска патриотска песна. Секако, пратеникот бил во алхохолизирана состојба.

petruseski_dimitrievski

Освен со Максим, Петрушевски си го има „моабетот“ и со потпретседателите на СДСМ Радмила Шеќеринска и Дамјан Манчевски.

petrusevski_sekerinska
petrusevski_mancevski

Претходно, кумановската чаршија зборуваше дека постои можност парите кои ги префрлал преку граница да биле стекнати како „аферим“ од налогодавците на терористите во УЧК, кои извршија терористички напад во Диво Насеље, имајќи во предвид дека кумановскиот градоначалник знаел за нивните активности уште пред нападот, но не пријавил во МВР.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This