ЧИИ ПАРИ СКРИШНО ИЗНЕСУВА ЗЕТОТ НА ЦИЦ? Петрушевски, зет за ќерка на Циц фатен со десетици илјади евра во кеш на српска граница!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зетот за ќерка на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц утринава во моментов се наоѓа на граничниот премин Табановце на српска страна, со 20.000 евра кои сакал нелегално да ги префрли во Србија
audi_a7CIc_naslov

Бандитите на СДСМ почнаа да ги вадат парите од Македонија, заработени преку нелегална трговија со незаконски стекнатите прислушкувани материјали. На граничниот премин Табановце на српска страна, фатен е зетот за ќерка на Зоран Дамјановски – Циц со 20.000 евра во кеш, во луксузно Ауди А7.

Виктор Петрушевски, зет за ќерка на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски – Циц во моментов е заджран на граничниот премин Табановце од страна на српските царински служби, во момент кога сакал да ја премине државната граница со луксузното Ауди А7 со кумановски регистарски ознаки.audi_a7CIC

Лускузното Ауди кое го управувал Петрушевски е регистрирано на име на лизинг комапанија. Од српската царина добиена е потврда за случајот, но сеуште нема официјална информација зошто е задржан и која е позадината на случајот.
Сепак, неофцијално дознаваме дека Петрушевски се обидел да изнесе сума од 20.000 евра во кеш од Македонија и истите да ги внесе во Србија.
Која му бела целта и дали ваквата операција ја изведува прв пат, засега нема информации, но неофицијално се работи за пари стекнати преку продажба и уцени со прислушкуваните телефонски разговори, со кои нелегално се тргува на црниот пазар во Македонија но и регионот.

Дежурните цариници на Македонска страна не забележале ништо, според првичните информации кои ги добивме од таму.

По завршување на целосната постапка од српска страна се очекуваат повеќе детали за случајот.

Инаку зетот на Дамјановски е близок пријател со повеќе функционери на СДСМ, така што останува отворено прашањето дали станува збор за пари кои тој ги стекнал преку нелегални активности, или пари на некој близок функционер од СДСМ кој бил вклучен во нелегална трговија со разговорите.
petrusevski_CIC

Во кумановската чаршија веќе се зборува дека е можно да станува збор и за пари од платената „отштета“ на терористичките фракции на УЧК кои пред две години изведоа терористички напад во Диво Насеље, за кои Дамјановски знаеше, но не пријави навремено.

petrusevski_CIC5

Партиски извори пак брифираат дека се работи за пари на некоја од фирмите на Заев или за пари на Шеќеринска и Шилегов.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This