ЗЕЈТИН И БРАШНО ЗА ГЛАС: Претседателот на СДСМ во Бутел, Владо Петковски поткупува гласачи во Визбегово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ОО СДСМ во Бутел, Владо Петковски, фотографиран како купува гласови во скопската населба Визбегово. Имено од сликата јасно се гледа како Петковски од својот автомобил вади поголема кутија полна со намирници, со цел изборен поткуп, пишува порталот Денешен.мк.

Поткупот на гласачи беше евидентен и во текот на првиот круг на гласање, но и сега во текот на вториот круг, досега полицијата не реагираше по ниту еден од пријавените случаи, ниту по случаите објавени во медиумите сите фото и видео документирани.

Во текот на  првиот круг имаше поктуп со прехранбени намирници во прилепската населба Тризла, каде заедно со активистите на СДСМ поткуп делеше и директорот на Центарот за социјални работи. Поткуп е пријавуван и во Штип и штипската неселба Три Чешми, каде тарифата на СДСМ била од 1000 до 3000 денари.

Во трката  за Бутел се Велимир Смилевски од СДСМ, човек кој не живее во општина Бутел, и Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на вториот круг се забележани и други притисоци во Бутел, каде обезбедувањето на Заев со припадниците на МВР вршел притисоци врз гласачите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This