Зеkoли yдpи по амбасадорката на CAД, ја нарече адвokaт на Мукоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи кој важи за прозападно ориентиран ја обвини американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнз за поддршка на неказнивост на криминалци кои ги предизвикаа настаните од 27 април.

Конкретно Зеколи ја прозива Амбасадорката Брнз за неказнивост на екс пратеникот Крсто Мукоски кој ги отвори вратите од Собранието а потоа не само што не одговараше за тероризам како голем број други луѓе туку беше примен од Брнз и добиваше поддршка.

За Зеколи ваквиот однос на Брнс е лицемерен.

“Адвокатката на Крсте Муковски и в.д. Амбасадор на САД уште еднаш се надмина себе си со лицемерие. Правните системи, Кејт, се различни, но неказнливоста (impunity) е секаде иста. За наша жал и мака, ти повеќе ја промовираш неказнивоста”, пишува Зеколи за американската амбасадорка во постот со кој за прв пат во Македонија некој директно ја прозива американската амбасада во Скопје за двојни аршини во правниот систем поради политички причини.

Зеколи реагира на изјава на Брнс во која таа ги споредува настаните од 27 април и влезот на поддржувачите на Трамп во американскиот Конгрес:

“Споредбите меѓу владионот одговор на САД кон немирите на 6. јануари во Вашингтон, со одговорот кон нападите врз македонскиот Парламент во 2017 година се тешки, бидејќи правните ситеми и процеси во двете држави се доста различни. Овде во 2017 година, САД , исто така, ги осудија нападите, и го изразивме нашето очекување да има истрага за тие што се вклуечни во инцидентот, да се поднесат обвиненија и прогонот да продолжи пред фер, независно и непристрасно судство. Она што го видовме е дека многу луѓе беа обвинети, има пресуди во некои случаи, а некои случаи се` уште се одвиваат. Во Северна Македонија има одлични напори да се зголемат реформите во судскиот систем, има неодамнешни најави, конкретно фокусирани на чистење на судството, за судската транспарентност, дигитализација и адресирање на проблемите со корупцијата. Но, крајно треба да се осигура да има правда за сите, судска независност, транспарентност, правен и етички кодекс кој секој треба да го почитува. Ова не е нешто што се применува еднаш, туку мора да биде посветена заложба и процес, исто како што е во САД. Ние сме посветени да продолжиме да работиме со локалните пратнери и со меѓународната заедница да ги поддржиме судските реформи и пошироката реформска агенда, како дел од демократија на Северна Македонија”, вели Брнс во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This