Зибери: На Филипче не му е за границите, туку зашто чичко ми е кандидат за премиер Албанец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Причината зошто така бурно министерот за здравство Венко Филипче реагираше на мој приватно објавен Фејсбук-статус, е тоа што чичко ми Насер Зибери е кандидат за премиер Албанец, а не тоа што сум напишал дека границите се отвараат без тестови и без карантин, вели за „Слободен печат” директорот на ЦЈЗ Скопје Арбен Зибери.

Точно е тоа што Филипче го тврди, дека не сум член на Комисијата за заразни болести официјално. Но, многу пати сум присуствувал на нивните состаноци и сум придонесувал, а нашата институција има свои редовни претставници во Комисијата. Јас бев запрепастен. Не ја ни гледав прес конференцијата, туку новинарите почнаа да ми се јавуваат. А запрепастен сум, зашто ние толку професионално ја вршиме работата во Центарот за јавно здравје Скопје, до толку што министерот сам ме фалел. Многу непотребно влегоа во ова. А зошто да бидам разрешен? За приватен Фејсбук статус во кој што не сум изнел ниту една лага? Ова е смешно. Ова не е за границите, туку за чичко ми Насер, којшто е кандидат за премиер Албанец, значи, ова е политичка пресметка со чичко ми, врз мој грб. А инаку, со Филипче, имаме многу коректен однос, постојано соработуваме и си помагаме во работата – изјави Зибери.

Министерот доби амин од Државната комисија за спречување на корупција дека може да го разреши Зибери од директорската функција.

Тој ќе се промени од функцијата, но неговиот работен однос ќе си продолжи и понатаму како што си работел пред да биде директор – потврди претседателката Билјана Ивановска вчера.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This