ЗИДАН ИЗЈАВИ: Јовиќ е нашата иднина, само треба да има трпение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предводникот на Реал бара од медиумите да бидат трпеливи со српскиот голгетер.

Реал Мадрид вечерва ќе ги одмери cилитe со Валенсија во првото полуфинале од шпанскиот Суперкуп. Во пресрет на овој меч познато е дека Зинедин Зидан не може да смета на тројца клучни играчи – Карим Бензема, Герет Бејл и Еден Азар.

Поради тоа се прават комбинации во каков состав Кралевите би истрчале на теренот во Џеда, а се претпоставува дека Лука Јовиќ ќе го предводи нaпaдoт. Зидан зборуваше токму за младиот српски голгетер кој уште е во процес на адаптирање на новата средина по летната преселба од Франкфурт во Мадрид.

„Јовиќ е нашата иднина, секако дека е една од опциите за вечерашниот дyeл. Тој е момче кое сака да учи и да напредува, многу е добар во својот занает, само треба да има трпение. Сигурен сум дека за брзо време ќе го покаже потенцијалот, има поддршка од цел клуб, а треба и ние, како и вие медиумите да бидеме трпеливи со него“, истакна Зидан.

Дуелот Валенсија – Реал Мадрид е закажан за 20 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This