ЗИДАН СО ПОРАКА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ФАНОВИ: Имавме пријатни мигови во Македонија. Прекрасен стадион, луѓето беа многу љубезни домаќини. Реал Мадрид е благодарен за тоа.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зинедин Зидан изрази задоволство од новиот трофеј во својата богата колекција, но францускиот стратег исто така и искажа благодарност за пријатните два дена минати во нашата земја.

-Имавме пријатни мигови во Македонија. Прекрасен стадион, луѓето беа многу љубезни домаќини. Реал Мадрид е благодарен за тоа. Што се однесува до мечот, мислам дека одигравме добар натпревар, секое финале е тешко и се добива само ако го надиграш противникот. Среќни сме за трофејот и сега продолжуваме да се подготвуваме за следните искушенија – истакна Зидан.

Тренерот на Реал откри и дека планот за Роналдо отсекогаш бил Португалецот да одигра само десетина минути во Скопје, а Зизу имаше посебни пофални зборови за Иско.

-Кристијано беше со нас само три дена, преризично беше да има позначајна улога денеска. Се договоривме да влезе пред самиот крај. Добро е што одигра десетина минути, в недела против Барса ќе има поголема минутажа. Она што ме импресионира е Иско, кој постигна прекрасен погодок и играше одлично цел натпревар, истакна стратегот на „кралскиот клуб“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This