April 18, 2024, 11:12 pm

ЗИКОВ ВСУШНОСТ ГЛУМЕЛ ЧЕСНОСТ: Оставката не ја поднел поради морални причини, туку поради тоа што законски не смеел да биде раководител!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љупчо Зиков кој направи вистинска драма од својата оставка како директор во МЕПСО сакајќи да ја прикаже како високоморален чин, всушност законски не смеел да биде директор, дознаваме од извори во владата.

Имено, Зиков по закон не смеел да биде директор затоа што ликвидирал фирма во минатото – нешто што се смета за чин на неспособен раководител поради што законот забранува луѓе со таков бекграунд да бидат на важни раководни позиции.

Зиков наиде на брутална реакција на јавноста после неговото назначување за директор во МЕПСО пред се од страна на гласачите на СДСМ заради неговите ставови од минатото кога беше жесток критичар на СДСМ и голем поддржувач на политиките на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

https://www.youtube.com/watch?v=qcjAXnnLtYo

Ваквите негови ставови ја разјарија јавноста која не го нападна Заев кој го одобрил неговото назначување, туку Зиков за неговите ставови од минатото.

Зиков после бранот незадоволство се повлече обидувајќи се тоа да го прикаже како високоморален чин. Но најновите информации за законската спреченост да обавува ваква функција ја покажуваат неговата вистинска природа.

Зиков знаејќи дека има законска пречка да ја извршува функцијата во МЕПСО мислел дека ќе може тоа да го замаскира и да ја убеди јавноста дека е доблесен и чесен, обвинувајќи ги оние кои реагираа на неговото назначување затоа што МЕПСО останува без таков “квалитетен кадар”.

А вистината е дека “квалитетниот кадар” бил ликвидатор на фирми кој, во духот на неговата природа, сакал и овој пат за своите дела и последици да обвини некој друг, во случајов јавноста.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This