Септември дојде а со тоа и времето за подготовка на вкусна зимница. Покрај стандарните ајвар, лутеница и туршија оваа зима можете да направите и нешто поразлично домати во тегла.
СОСТОЈКИ: 10 кг. домати,1 лажица сол на една тегла и 1 китка магдонос.
ПОДГОТОВКА: Се мие и се суши доматот во врела вода минута, па се мие со ладна вода и се лупи. Се сече на покрупни коцки доматот. Се става во тегли и се додава една лажица сол на една тегла, и магдонос. Се затвараат теглите и се пастеризираат половина час во вода. Кога ќе се оладат се вртат надолу.
Трик за да сечете рамномерно – Вака нема да ви се лизга се од даската за сечење
Овошјето и зеленчукот нема да се лизгаат на даската за сечење со лесен трик. Ако сакате се да исечете правилно и рамномерно, се што треба да направите е пред да почнете со сечењето да ставите малку сол на даската за сечење, па така парчињата нема да се лизгаат.
Стерилизирајте тегли за зимница во микро – Се е готово за буквално 5 минути
Септември мириса на ајвар, лутеница, малиџано, џем…Освен што се важни намирниците и подготовката, важни се и теглите. Стерилизирајте брзо и лесно тегли во микро.
Околу 50 милилитри вода се ставаат во теглата која е претходно добро измиена и проверена да не е напукната некаде.
Се загрева микрото на најсилно, па се става теглата на 2-3 минути внатре. Водата ќе стане врела и ќе се стерилизира.