ЗИМСКО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО: Викендов стрелките на часовникот ќе ги помecтиме за еден час назад

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Викендов доаѓа промената на времето од летен на зимски режим.

Меѓу 26 и 27 октомври односно утрото меѓу сабота и недела стрелките на часовникот ќе треба да ги помecтат за 1 час назад.

Во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час повеќе.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од октомври 2021 година, ова е најверојатното претпоследно преминување од летен во зимски мод.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This