ЗИЈАДИН СЕЛА БИЛ ШАМПИОН ЗА ЕВРОПА И СОРОС: „Шампионот“ на бинационалната држава во детали го објаснува сценариото и причината за поддршката за Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од соросовите медиуми кои функционира во рамки на Европа, именуван како „Балкан инсајт“ објави кратко интервју со коалициониот партнер на Заев и негатор на Македонскиот идентите Зијадин Села во кое тој се заканува со војна против Македонците, претставувајќи го тоа како нормална реакција доколку тој загинел
zijadin_sela_balkaninsajt

„Имаше многу Албанци околу парламентот. Ако јас не бев жив дене, Мкаедонија ќе беше во војна“ – изјавува села за порталот, каде што додаваат дека „денес земјата го преживеа најлошото“ цитирајќи го Села кој вели дека Македонија мора да тргне со реформите како внатрешни така и надворешни.

Секако, Села под реформи подразбира воведување на двојазичност и бинационализација на државата.

Македонските Албанци – како што вели Села, не се заинтересирани многу за тоа колку албански министри ќе има во владата, напротив, тие се позаинтересирани за воведување на „применливи закони“ кои имаат влијание врз нивните животи и права.

Според Села, ова треба да започне со „Законот за употреба на јазиците, како и фрлање на светло врз политички мотивираните судски постапки, како и обезбедување на компензација за оние кои настрадале во овие процеси“.

На овој начин, Села ја потврдува и тезата од Тиранската платформа во која се бара и ослободување на терористите од „Сопот“, „Бродец“, „Монструм“, „Диво Насеље“, а врз сето тоа се бара и компензација за „неправедното судење“, иако се работи за докажан тероризам со обезбедени докази и информации.
Секако, оние кои ја спонзорираат Тиранската платформа – ЕУ, Сорос, УСАИД – и владата на Заев отворено бараат овие точки од платформата да бидат во целост исполнети, со што уште еднаш жртвата на бранителите ќе биде попуста, а терористите ќе бидат наградени.

Во текстот на „Балкан Инсајт“ Зијадин Села се нарекува и „шампион на бинационална Македонија“, додавајќи дека Села има цврста волја Македонија да ја претвори во федерална држава, додавајќи дека Македонците не требало да се плашат од таквиот исход, бидејќи немало да се случи дезинтеграција на државата.

Освен ова, Села во интервјуто за соросоидно-европскиот портал додава признава дека Албанската платформа е потпишана во Тирана, додавајќи дека е од огромно значење за Албанците во Македонија и дека Еди Рама има право да ги собира македонските албански партии на состанок.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This