ЗИЈАДИН СЕЛА МУ СЕ НАЛУТИ НА ЗАЕВ: СДСМ и ДУИ со насилство, злоупотреба на институциите и поддршка од полицијата ги спроведоа најкриминалните избори!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите партии имаа големи забелешки на изборниот процес доведувајќи го во прашање исходот од гласањето. Единствено СДСМ убедува дека во Македонија се спровеле скандинавски избори, а сите останати изборите ги споредуваат африкански избори, полоши од оние во Сомалија и Кенија.

Партиите кои учествуваа на изборите излегоа со поткрепени забелешки кои одат во насока на тоа дека граѓаните,  членовите и симпатизерите на другите партии се под директен притисок на СДСМ и ДУИ и криминалци под нивна команда. Партиите алармираа на злоупотреба на полицијата во партиски цели, но премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски си молчат.

Добивам информации од терен дека има уцени кон граѓаните, кон бизнисмените… Треба да прекине тоа, вели Зијадин Села во гостувањето на ТОП Тема.

Тој вели дека државата треба да го сработи своето и дека полицијата треба да биде на терен. Според него треба институциите на државата да се занимаваат со тоа и посочи дека не би сакал да има инцидиденти како оние во Струга каде што резултатот беше извртен помеѓу ДУИ и СДСМ.

– Ако сакаме да имаме фер и демократски избори не треба да се занимаваме со гласачкото место и што се случува на 50 метра од него. Треба да се фокусираме на тоа што се случува и на една вечер пред избори. Се купуваат гласови. Има луѓе кои кружат без таблички на колите како да не нема правна држава и да нема полиција и на тој начин купуваат гласови. Полиција треба да биде на терен и таквите луѓе треба да бидат неутрализирани, треба да ги контролира и ако има такви што одат и уценуваат и носат големи суми на пари со себе и да го спречи тоа. Добиваме информации дека продолжуваат заканите, рече Села.

Според Села, СДСМ и ДУИ имаат договор за коалиција и треба тие да појаснат зошто тоа тие го прават и да не се осмелат да направат таква работа, бидејќи сега илјадници нивни подржувачи доаѓаат од дијаспората и смета дека такви сценарија не би биле добри и за Струга и за државата како и за реформите.

 

Полициски службеници го стопирале и претресле возилото на кандидатот за советник од Коалицијата за подобра Македонија во Старо Нагоричане, Спаси Драган, инаку член на ДПСМ.

Претседателот на партијата, Иван Стољиковиќ во првиот круг соопшти дека полицијата  била брутална во претресот и притоа го оштетиле возилото на Драган, а воедно го обвинува МВР дека ги заплашувала членовите на младината со цел да ги сопрат во лепење постери и разнесување пропаганден материјал.

– Во разговорот му е соопштено дека треба да престане со политичките активности, да престане со агитација на терен, бидејќи знае што ќе го снајде во таа смисла. Полициските сужбеници ги застрашуваат припадниците на нашата младинска организација не им дозволуваат да лепат предизборни постери и да делат предизборен материјал, дури полициските службеници повторно беа неидентификувани и им порачаат на младите „Порачајте му на тој Стоиљковиќ да го нема тука“, вели Иван Стољиковиќ, претседател на ДПСМ.

Стоиљкови му порача на министерот Спасовски да си ги прибере полициските службеници и дека ваквото однесување нема да помине.

 

Еден од низата инциденти кои се случија за време на кампањата е бруталното претепување на Елвис Бајрам, актуелен градоначалник на Шуто Оризари и кандидат за истата функција. Тој заврши со скршен череп, а полицијата наместо да ги казни насилниците, на Бајрам му испрати кривична пријава.

На тоа реагираше неговиот татко и долгогодишен политичар Амди Бајрам.

Монтиран случај од полицијата, тепачите на син ми беа позади Зоран Заев и Петре Шилегов на митингот на СДСМ во Шутка. Амди Бајрам револтиран од одлуката на МВР да го затвори случајот.

– Го обвинува градоначалникот на Шуто Оризари, Елвис Бајрам, и шест луѓе дека предизвикале општа тепачка, а всушност станува збор за обид за убиство со секири и со прачки. Министерот Спасовски вети дека нема да се гледа политичка страна, но тоа не се случи. Тој е министер на сите граѓани, а не само на СДСМ. Лага е дека Елвис Бајрам со шест луѓе извршил напад. Истрагата не е добро спроведена и случајот е монтиран. Не нападнал Елвис. Министерот не си ја знае својата должност и според мене, целото сценарио е негово. Излегува и обвинува дека Елвис предизвикал општа тепачка, а тој бил нападнат со секири и со прачки, смета Амди Бајрам.

 

 

Членовите на партијата на Стевче Јакимовски, ГРОМ, излегоа пред Јавното обвинителство на миреп протест поради одлуката на Обвинителство дека нема кривично дело за инцидентот кој се случи во изборната ноќ кога претседателот на партијата беше нападнат со нож.

–Ние сме сведоци дека за време на изборниот ден, кога се уште се броеја резултатите, дека нашиот штаб беше грубо нападнат од активисти на Социјалдемократскиот сојуз. Верувале или не истите досега не се повикани на разговор, кога истите извадија лисици, потоа извадија нож скакавец, кои се обидоа физички да се пресметаат со наши колеги, вербално не навредуваа и не напаѓаа, се закануваа со убиство и можете да замислите вечерта Обвинителството се изјаснило дека тука нема кривично дело, изјави Јакимовски.

Тој праша и дали за ова е именуван обвинител, ја повика новата обвинителка да се бори за правната држава.

–Промената на обвинителот на значи заштита на криминалците, особено оние кои што ни ги трујат нашите деца во општина Карпош и кои што разнесуваат, трафикуваат дрога и кои што се затворски повратници. Само сакаме да кажеме, затоа ли ги пуштивте пред месец и пол, да доаѓаат, да не колат по улиците и да можат полесно да разнесуваат дрога, изјави Јакимовски.

Тој порача дека од прогон кон овие луѓе нема да се откажат, дека ќе бидат запознаени сите меѓународни институции.

–Уште повеќе што ова се случи на изборниот ден кога се уште се броеја резултатите, кога на 48 проценти изброени гласови, ние чесно го признавме поразот и го честитавме изборот на новиот градоначалник на Општина Карпош. Сметаме дека е крајно некоректно од Социјалдемократскиот сојуз, од режимот и од Обвинителство, да штити вакви луѓе и да ја загрозува правната сигурност, на граѓаните на Општина Карпош. Затоа ли бараа власт, за да нѐ колат по улиците, праша Јакимовски.

 

 

 

Претседателот на БЕСА и кандидат за градоначалник на Тетово Биљал Касами  ја обвини градоначалничката на Тетово, Теута Арифи дека за време на нејзиниот четиригодишен мандат се евидентирани огромни трошоци во општината.

-Иако е во последните денови од нејзиниот мандат на чело на општината Тетово, градоначалничката во заминување Теута Арифи продолжува да го прави тоа што умее најдобро: да го троши буџетот на општината за индивидуи кои и вршат лични услуги нејзе, користејќи ја буџетската линија за договори на дело, истакнува Касими.

Во овој период од нејзиното неуспешно четиригодишно владеење, како што вели, се евидентирани огромни трошоци за лични и за потреби на нејзиниот тим, како и за вработувања на договор на дело, главно партиски членови и групи на интерес.

-Според информаците сега веќе објавени од организации кои ја мониторираат општината, 113.6 милиони денари се потрошени за договори на дело (1 милион и 830 илиади евра), додека освоена од паниката за пораз на изборите доаѓаат информаци дека таа потпишува десетици такви договори за услуги на дело за овој петмесечен период, а во суштина се услуги кои и се нудат само нејзе, а не на граѓаните на општината, вели Касими.

Иако тој презентираше и докази, МВР молчи во одбрана на коалициониот партнер на СДСМ, ДУИ.

 

 

 

Станавме држава во која полицијата наместо да апси криминалци, таа го штити криминалот. Но, забораваат. Можеби сега се во облаците, но колку повисоко летаат падот ќе им биде поголем. Колку повеќе се закануваат, толку повеќе сме непокорни.  Колку повеќе сакаат да внесат страв, толку повеќе ќе им порачаме дека не им се плашиме. Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на средбата со граѓани во Демир Капија.

-Забораваат дека ние сме ВМРО и дека во нас гори таа пркосна идеја која се спротивставила на многу поголеми и пострашни закани од овие неспособни луѓе. СДСМ немаат никакви проекти, немаат програми и затоа зботруваат за воздух, за ветер и за магла. Видоа дека не можат да се мерат со работа и затоа удрија на криминални избори. Во првиот круг видовме како СДСМ спроведува избори- страв и притисоци на сите страни. Во Македонија спроведоа африкански избори. Стигнавме на рангот на Сомалија и Кенија. Скршен череп на градоначалник, убиен носител на советничка листа, следени кандидати за градоначалници, испокршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ, слики на партиски активисти во натпревар чич пиштол е поголем и подобро пука, а полицијата молчи. Молчи затоа што е соучесник во сите овие работи. Секој ден со име и со презиме дознаваме како потплаќаат гласови, информираме, но нема реакција. Следниот ден истата песна ја продолжуваат. Но нема да не скршат, нема да им дозволиме да не скршат затоа што народот гледа што се случува,  вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ им порача на СДСМ дека сето она што сега го прават ќе им се врати како бумеранг и ќе има одговорност.

-Крајната цел на сето ова што го прават е да се сузбие секој слободномислечки Македонец кој се грижи за својата држава, секој кој си ја сака својата земја, својот идентитет, своето име, јазик. И преку разни механизми сакаат да делуваат дека сакањето на својата е нешто што не е модерно, дека е демоде, а авангардно и модерно е легализирање на хомосексуални бракови и посвојување на деца од нив, легализирање на марихуана, максимално користење на алкохол и сето она што не е нормално. Нормалното сакаат да го направат ненормално, а ненормалното-нормално. Во таква држава живееме овие пет месеци.Секој кој ќе помисли да ја штити државата, како што беше на 27-ми април, секој кој снимал документарни филмови за македонската историја, за македонските херои или кој бил вклучен во градба на споменици на македонските херои кои ги дале животите за нашата слобода, треба да се плаши дали ќе биде наместен или притиснат или под било каков процес. Криминалците на слобода, а патриотите по затвори. Красниќи на слобода, Темелко во затвор. Убијците на децата на Смилковското езеро ќе ги пуштаат на слобода, а дедото за кубење на коса 4 години во затвор, истакна Груевски од Демир Капија.

 

 

Криминални структури кои одработувале за СДСМ им се заканувале на граѓани низ целата држава, а еден од примерите кој ги потресе граѓаните е сведоштвото на брачниот пар Јананови од Демир Капија на кои активисти на СДСМ,поради тоа што кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ бил кај нив дома на кафе, им се заканувале со пиштоли дека сите ќе ги стрелаат.

Во овој град, како и во речиси сите останати, тактиката на СДСМ била да се следи кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во секој момент, да се забележи во кои куќи прави посети, односно кои гласачи ги смета за свои потенцијални, па веднаш после него во истите куќи/домови да влезат криминалните банди на СДСМ и да вршат притисок, да се закануваат и да ги плашат граѓаните дека ако гласаат за ВМРО-ДПМНЕ може животот да им виси на конец.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This