ЗИЈАДИН СЕЛА СО ИСТОРИСКА ШАНСА: По денешната одлука БЕСА фаворит кај Албанците, Села со шанса да стане политичка сила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

БЕСА ги доби симпатиите на Албанците во земјава, но и во регионов веднаш по објавувањето на одлуката да не учествуваат во Влада во која нема договор за нормално владеење и во која учествуваат луѓе кои немаат капацитет за реформи, а дополнително биле гонети за криминал

kasami_sela

 

Како што пишува екс-пратеникот од Косово, Берат Буџала, БЕСА ја донесе вистинската одлука со тоа што не дозволи Заев да ги стави во скут сите албански политички партии, и во нивно име да одлучува за иднината на албанското малцинство, притоа извршната власт да биде оставена на ДУИ, која пак на овие избори беше губитничка.

buzhala_1491239534-6586494

Според Буџала, БЕСА во моментов е водечка политчка партија на Албанците во Македонија, додавајќи дека е единствена која се грижи за интересот на албанците и не дава бланко поддршка на ниту еден политичар, па дури ниту на Заев, имајќи во предвид дека освен усмени гаранции за спроведување на платформата, одбивал да даде писмени со оправдување дека тогаш ќе бидел во конфликт со гаранциите кои му ги дал на Ѓорѓе Иванов.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, со ваквиот потег на БЕСА партијата ги обезбедила позитивните резултати на локалните избори, а аналитичарите сметаат дека доколку Села се одважи и го следи примерот на Касами, ќе има можност на предвремени парламентарни избори, заедно со БЕСА да станат двете најголеми политички партии во земјава.

Тоа, имајќи го во предвид ограничениот број на албански гласачи е речиси гарантирано.

Сега и Села да постапи како БЕСА, на предвремени избори ќе ги збришат ДУИ и ДПА. Ќе ги дуплираат пратениците, ќе им ги преполоват на ДУИ, а ќе ја затворат ДПА – вели Ивчева во објава на својот ФБ профил.

Во изјава за Инфомакс, аналитичарот, екс-пратеник и конзул Филип Петровски има слична проценка.
Според Петровски, ДУИ е на залезот на политичкото делување и наскоро ќе биде декласирана од БЕСА. Како што вели, ваква историска шанса му се овозможува сега и на Зијадин Села, кој ако ја следи политиката на БЕСА ќе има можност на првите парламентарни избори да биде сериозна политичка сила која во најмала рака ќе ги дуплира пратениците во Собранието и ќе стане фактор без кој не се може.

filip_petrovski

„Гледајќи од нивна перспектива БЕСА го направи правилниот потег. Ја забетонира позицијата кај албанскиот електорат и речиси со сигурност може да се каже дека на идните избори ќе биде водечка партија во албанскиот политички блок. Зијадин Села ја има истата шанса, но само доколку го следи примерот на неговиот колега Касами. ДУИ е завршена приказна.“ – вели Петровски.

Дека чекорот на БЕСА ќе го следи и Зијадин Села, кај албанците во Македонија буди надеж и информацијата дека Алијансата на Албанците не е согласна со предлозите на ДУИ, но и односот на Али Ахмети кој вчера без согласност на Села ги ставил „во пакет“ и кадрите на Алијансата на Албанците, а со тоа оневозможувајќи му ги преговарачките позиции на Села.

Дополнително, од партијата на струшкиот градоначалник додаваат и дека се разочарани од изборот на ДУИ бидејќи предложените кадри не се реформатори, и не се работи за луѓе кои имаат капацитет да се сменат.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This