Златев: Телма е пример за непрофесионалност, Лупевска се однесуваше со Мицкоски како тој да е власт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како може ти да се однесуваш со лидер на опозиција како он да е власт, како он да треба да одговара за ова што се случува, запраша новинарот Љупчо Златев во гостувањето во телевизија Алфа, коментирајќи го интервјуто на Христијан Мицкоски во телевизија Телма. Тој истакна дека тоа што тој го видел вечерта било незгодно за гледање и пример за непрофесионално новинарство.

-Миле Јанакиески доколку излеше да го критикува Христијан Мицкоски сега ќе беше слободен граѓанин, ќе идеше на Телма два пати неделно, ќе идеше на 24 вести и други емисии. Вечерва гледав едно интервју на една друга телевизија на телевизија Телма еве ќе ја спомнам. Јас да бев човек кој што доаѓа од странство и седнав да го гледам тоа. Па таму изгледаше како ВМРО-ДПМНЕ да е на власт. Не го бранам јас Христијан Мицкоски, тој како политичар си има мани и грешки, но не можеш ти да седнеш и да правиш интервју со лидер на опозиција и да се однесуваш како тој да е власт. Јас тоа го видов вечерва. Дури беше незгодно за гледање, вели Златев.

Според него статутот на партијата не е јавен интерес.

-Половина час разговараа за статутот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа не е јавен интерес, јавен интерес е тоа што се случува со државата и каде се парите, додадет тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This