ЗЛАТКО МАРИН ОД СДСМ БАРАЛ РЕКЕТ ПО ФИРМИ:Албански портал објави документи како се финансира кампањата на СДСМ и ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Редакцијата на албанскиот портал Portalishkupi дошол до шокантен документ, за кој порталот вели дека е потпишан лично од Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром и кандидат за градоначалник на истата општина, во кое тој запишувал колку рекет од која фирма земал. Сумите се фрапантни и се движат и до неколку илјади евра, пишува албанскиот портал Portalishkupi.

-Документот како што може да се прочита од истиот бил презентиран пред ОО СДСМ Аеродром и за истиот било известени поширокото раководство на партијата. Според напишаното во извештајот може да прочитаме дека за ваквата активност на Марин бил информиран и Зоран Заев и поширокото раководство на централата на СДСМ.
Ова е скандал и покажува како функционира двоецот СДСМ-ДУИ, рекетира, уценува и зема илјадници евра од фирмите и бизнисмените кои мора да даваат пари за кампањата на власта, доколку сакаат да бидат поштедени од инспекции, но и со ветување дека после избори ќе бидат поштедени од секаков вид на контроли на државните инспекторати, пишува порталот.

 

Од документот, како што пишува Portalishkupi јасно се гледа дека Марин од фирма за компјутери земал 500 евра во кеш и 500 евра како репрезентација во кафеана. Одреден Дуле дал 300.000 денари. Познат ресторан имал отворено сметка за СДСМ за време на парламентарните избори и не се знае колку е потрошено, истата поддршка е ветена и за локалните избори.

Друг ресторан исто така е изрекетиран со отварање на отворена сметка за членовите на СДСМ, но и за организирање за бесплатна забава за млади. Градежна фирма пак била изрекетирана 1000 евра, и исто така е ветен пропаганден материјал.

-Ова се само дел од изрекетираните фирми од страна на двоецот СДСМ – ДУИ, ваквиот тип на работа е пример за сите општини каде овие две партии имаат интерес. Ниту една од овие фирми ја нема во списокот на донатори кои се пријавени од страна на СДСМ и ДУИ до државниот завод за ревизија, пишува Portalishkupi, кој ги објави овие фотографии.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This