April 25, 2024, 12:07 pm

ЗЛАТКО МАРИН ПОПЛУКА НА ВАРДАР, МЗТ И ФЕМИЛИ АЕРОДРОМ: Кандидатот на СДС за Аеродром не знае дека од таа општина излезе Европскиот шампион во ракомет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледна е безидејноста на кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Златко Марин, тој во говор пред аеродромци очигледно непознавајќи ја фактичката состојба или во обид да ги излаже граѓаните, кажа дека Аеродром не спортска општина, но фактите сепак го говорат другото

-Ивица се фали дека Аеродром е спортска општина, но како е спортска општина кога немаме ниту еден клуб во фудбал, ракомет, одбојка кој што игра во Прва лига, зачудено праша Марин.

Европскиот првак во ракомет во машка конкуренција, РК Вардар, игра во салата Јане Сандански, која се наоѓа во оваа скопска општина, европскиот вицепрвак во ракомет во женска конкуренција ЖРК Вардар игра во истата спортска сала.

Во истата ултра модерна спортска сала игра и аеродромската гордост кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Овој клуб е уште еден доказ дека тврдењата на Марин се неточни, имено откако општината почна да го финансира клубот како главен акционер, тие прв пат ја освоија титулата во македонското првенство, а за прв пат во историјата играа и во АБА лигата, регионалната лига на клубови Екс-Ју просторите, која важи за една од најсилните во Европа, а со тоа стана и прв клуб од нашата земја кој заиграл таму.

Оваа титула покрај што беше историска за клубот и за оваа општина и населба, ги сплоти сите фанови на оваа “неспортска“ општина според зборовите на Марин, кои имаа голема прослава во својата населба.

Уште еден тврдење на Марин кое е против фактичката состојба е и дека општината инвестирала средства за развој на спортот. Изгледа ја има заборавено салата Јане Сандански, која како што самите локални жители ја нарекуваа „лименка“, а сега од лименка стана ултра модерна сала, за која сите европски клубови кои гостуваат на МЗТ, РК и ЖРК Вардар, велат дека е сала со најдобри услови.

Покрај тоа во Аеродром е и Куќата на фудбалот(канцелариите на ФФМ), стадионот Петар Милошевски, кој е стадион кој ги исполнува стандардите на УЕФА. И уште многу игралишта и спортски сали се изградени во оваа општина.

Аеродромци се зачудени како може Марин да даде едно вакво тврдење, а нивната општина е поврзана со најголемите на македонскиот спорт во поновата улица.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This