ЗЛАТКО МАРИН ПРЕД ДА ЗБОРУВА ДА СЕ ИНФОРМИРА: Општина Аеродром реагираше на лажните обвинувања на кандидатот за градоначалник на СДС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Би сакале да ја известиме јавноста дека прекините на водоснабдувањето во високите зони во Аеродром и во Ново Лисиче е поради градежните работи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје и тоа нема никаква допирна точка со Општина Аеродром. Ова претпријатие врши редовни активности на терен, како во општина Аеродром, така и во останатиот дел од градот, а за тоа секогаш навремено ја информира јавноста преку соопштенија, соопштуваат од општината.


Од општина Аеродром велат дека конкретно, денеска 15.9.2017 година, ЈП „Водовод и канализација“ објавија известување дека „поради реконструкција на водоводна мрежа ф-500мм на кружниот тек на ул. Христо Татарчев со бул.Србија, утре без снабдување со вода ќе останат корисниците од висока зона на населбите Лисиче и Аеродром“.
Општина Аеродром го замолува кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од редовите на СДСМ, Златко Марин, пред да изнесува обвинувања и со прст да посочува кон нашата институција и градоначалникот Ивица Коневски, претходно добро да се информира што се случува во општината, на чие чело сака да застане.
Во овој случај го информираме Златко Марин дека ниту една зграда не може да се приклучи на постоечкиот водоводен систем, доколку пред тоа ЈП „Водовод и канализација“ не даде согласност за тоа.


-Марин треба да знае дека на водоводната мрежа не може да се приклучи ниту еден објект, доколку истата нема капацитет за тоа. Сите згради што се приклучени се на нова водоводна мрежа, по претходно добиена согласност од надлежното претпријатие.
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром, со континуираното изнесување дезинформации, покажува елементарно непознавање на работите во локалната самоуправа или пак, можеби неговата главна цел е манипулација на граѓаните, што секако не му успева.
Инаку, Општина Аеродром постојано инвестира во нова водоводна мрежа и сите објекти што се изградија се приклучени на нова водоводна мрежа, за која има согласност од надлежното претпријатие. Се надеваме дека активностите на ЈП „Водовод и канализација“ ќе завршат во најкус можен рок и дека ќе се надминат прекините во водоснабдувањето, стои во рекацијата од општината.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This