ЗЛАТНАТА ТРЕСКА ПРОДОЛЖУВА: Руската златна треска продолжува, резервите на злато се на највисоко ниво досега

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централната банка на Русија (ЦБР) секој месец ги зголемува своите резерви на злато од март 2015 година. Земјата моментно е шестиот најголем на злато по САД, Германија, Италија, Франција и Кина.

Според ЦБР, резервите на злато се зголемија на 455,2 милијарди американски долари од 2 до 9 март, достигнувајќи историско високо ниво не видено од 2014 година.

“Нашите девизни резерви се зголемија за 2,9 милијарди долари или 0,6 отсто во една недела” , велат од ЦБР.

Во јануари, Русија ја надмина Кина, која наводно има 1.843 тони од овој благороден метал. Во текот на последните 15 години, Москва и Пекинг агресивно акумулираа резерви на злато за да ја намалат својата зависност од американскиот долар.

Според податоците на Светскиот Совет за Злато, минатата година ЦБР стана светски лидер во зголемување на резервите на злато.

Банката го дуплираше темпото на купувања на злато, според статистичките податоци. Русија ги зголемува резерви на злато за да ја исполни целта поставена од претседателот Владимир Путин да ја направи државата помалку ранлива на геополитичките ризици.

Русија е исто така третиот по големина производител на благородни метали. Само во изминатата деценија, Русија има ископано повеќе од 2.000 тони злато, со годишно производство кое се очекува да се зголеми за 400 тони до 2030 година.

Владата купи две третини од сето злато ископано во земјата минатата година, купувајќи го од локални банки, бидејќи Кремљ го гледа благородниот метал како засолниште во време на геополитички турбуленции.

Диверзификацијата на резервите е една од главните причини поради која Русија купува злато, велат од Централната Банка на Русија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This