ЗЛАТНА ЗОРА ГИ ОТСТРАНИЈА ОД ПАРЛАМЕНТОТ: Од говорница повикаа да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да интервенира војската за да се спречи ова предавство и да ги уапси премиерот, министерот за одбрана и претседателот, повика пратеник од Златна зора Константинос Барбарусис за време на денешната расправа во грчкиот парламент, додека по барање на претседателот на парламентот и со согласност од останатите партии, Златна зора нема да учествува во останатиот дел од седницата.

– Бидејќи политичкото раководство на земјата не носи закони во интерес на нацијата, туку за личен интерес, го повикувам военото раководство на земјата да ја почитува дадената заклетва и да ги уапси премиерот Алексис Ципрас, Панос Каменос и Прокопис Павлопулос за одвраќање на ова предавство. Вашите глави во Преспа. Вашите глави во Преспа, рече пратеникот од Златна зора на крајот од неговиот говор во парламентот и предизвика реакции кај претставниците на останатите партии, кои го осудија ставот на Барбарусис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, прв реагираше претседателот на парламентот Никос Вуцис, кој рече дека Златна зора повика на воен пуч и побара партијата да биде отстранета од расправата.

– Денес во грчкиот парламент паднаа маските. Политичката сила Златна зора која секако во парламентот дојде 3-4 пати со глас на одредени наши сонародници директно повика на пуч врз политичкиот систем, врз демократскиот политички систем, повика на воен пуч, секако со согласност од мнозинството на пратеничката група на Златна зора, рече Вуцис.

Претседателот на парламентот побара ниту еден пратеник од Златна зора да не добие право на обраќање за време на седницата, „бидејќи од грчкиот парламент треба до народот да се испрати порака на обединетост, демократија и суштинска политичка конфронтација и паралелно порака на осуда на фашизмот и неговите изразувачи кои сакаат да ја создадат оваа атмосфера“.

Ова објаснување на Вуцис беше прифатено од останатите партии, со исклучок на Златна зора.

Пратениците од Златна зора, откако беа исклучени од расправата во парламентот, излегоа пред парламентот и им се придружија на групата демонстранти што од утрово „го бранат грчкиот карактер на Македонија“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This