ЗЛАТНА ЗОРА ЌЕ ПРОТЕСТИРА ЗА ВРЕМЕ НА КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКИ НАСТАН НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЛЕРИН: Грчката неонационалистичка партија не дозволува македонска култура и уметност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неонационалистичката партија „Златна Зора“ најави протест за време на собир на Македонците во Грција кој е во организација на Македонскиот Клуб а е од културно-уметнички карактер.

Под името „Протест против антигрчката пропаганда“ неонацистичката „Злата зора“ в сабота во Лерин ќе организира голем протест за време на собир на Македонците од Грција, организиран од Македонскиот клуб. На собирот е предвидена и музичка содржина со македонски песни.
Златна зора смета дека намеата на културно-музичкиот настан е да се докаже постоење на македонски јазик, иденититет и малцинство.

„Затоа Златна зора ги повикува сите грчки патриоти в сабота во 18 часот пред хотелот „Панорама“ во Флорина на протест против антигрчките позиции на скопјаните и нивните агенти. Узурпаторите на нашата историја нема да останат без одговор“, стои во повикот на Златна зора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This