„ЗЛАТНИТЕ РЕЗЕРВИ“ НА ЗАЕВ: Кои имиња ги понудиле Тодоров и Јанчев како „златна резерва“ за гласање на уставните измени на тајната средба во „Сириус“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На последниот таен состанок во хотелот „Сириус“ во Струмица, за кој Зоран Заев откри дека заедно со неговиот брат пиеле кафе со Никола Тодоров и Митко Јанчев. На состанокот, од она што го соопшти Заев се разговарало за повеќе теми меѓу која и обезбеувањето на 2/3 мнозинство во Собранието, за што тој верувал дека овие две лица би можеле да помогнат иако веќе не се дел од опозициската ВМРО-ДПМНЕ

 

На прашањата на „Инфомакс“ испратени до Јанчев, дали тој бил под некаков притисок или закани од фамилијата Заеви за да прифати кооперативност со нив, а во насока на изгласување на уставните измени со кои се предвидува промена на Уставното име, градоначалникот на Кавадарци одби да даде одговор, иако претходно во изјава за про-владината телевизија 24Вести потврдил дека тој и Тодоров заедно ќе работеле на „спречување на Мицкоски“ во неговата намера „да се блокира процесот на промена на името“.

Одземањето на статусот член на ВМРО-ДПМНЕ на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков се чини дека е главна причина за ваквото делување на овие екс-функционери на партијата, меѓу кои и осумтемина пратеници кои се „одметнаа“ од опозициската партија.

Она што е добро познато на јавноста, е дека Јанчев, Тодоров, Канческа-Милевска, пратеничката Емилија Александрова се блиски соработници на Мијалков. Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Зеќир Рамчиловиќ и Владанка Авировиќ пак, тргувале со нивната но и слободата на нивните блиски, роднини и сопственици. 

Вечерта кога екс-директорот на УБК Сашо Мијалков беше приведен од страна на полициските „Алфи“ во хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје, се одржувал состанок на кој присуствувале пратениците од т.н. пратеничка група „Кожувчанка“ на кој, според информациите кои ги добивме се дискутирало токму за начинот на делување.

Од она што го дознаваме дел од договорот за гласањето на уставните измени била и амнестијата на пратениците Мукоски, Василевски, Арнаудов. Се барало и преиначување на осудителната пресуда за синот на Владанка Авировиќ кој доби три години затворска казна, како и затварање на процесот „Тендери“ кој го води СЈО против Елизабета Канческа – Милевска во кој е инволвиран и Мијалков. 

Како што е познато, додека разговарале на овие теми, Мијалков бил легитимиран од полицијата по што мирно, со лисици на рацете бил изваден од хотелот и сместен во полициското возило, од каде е префрлен во истражниот затвор „Шутка“.

Ваквиот развој на настаните предизвикало вознемиреност кај пратеничката група одметната од ВМРО-ДПМНЕ, па новите „луѓе за врска“ со Заев – Тодоров и Јанчев – на завчерашниот состанок со фамилијата Заеви ги пренеле барањата на т.н. пратеничка група „Кожувчанка“. 

Загриженоста кај пратениците била дека ако власта можела да го уапси Сашо Мијалков, и покрај договореното, тогаш се става под знак прашалник и кредибилетот на претходно договореното. Дел од пратениците изразиле и незадоволство и најавиле дека нема да гласаат за Уставните измени кои се закажани на Собраниска седница во јануари идната година.

Најгласни во заканите дека нема да гласаат биле пратеничката Елизабета Каческа – Милевска и Емилија Александрова (снаа за братучед на Мијалков). Без овие двајца пратеници, владиното мнозинство би останало без потребното 2/3 мнозинство за изгласување на Уставните измени. 

Состанокот во „Сириус“ имал за цел да ги испегла токму овие разлики. Имено, додека траело „кафепиењето“ помеѓу Заевци со Јанчев и Тодоров, биле пронајдени и „златни резерви“ доколку Канческа – Милевска и Александрова одбијат да гласаат за Уставните измени.

Од она што го дознаваме, Јанчев и Тодоров ги понудиле Панчо Минов и Даниела Рангелова како „златна резерва“ доколку затреба.

Барањата на Александрова и Елизабета Канческа – Милевска, со цел гласање на уставните измени била слободата на Сашо Мијалков, но и исполнување на претходно договореното.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This