April 25, 2024, 12:47 pm

ЗЛОСТОРНИЧКАТА КОАЛИЦИЈА ГИ ИЗВЛЕКУВАЛА ТЕРОРИСТИТЕ ОД РАКА: САД ги ваделе терористите во Сирија по примерот на Арачиново!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата на чело со САД обезбеди повлекување на милитантите од ИСИС од Рака и Дејр ел Зор за време на операцијата за ослободување на градовите, соопштија од претставништвото на Сирија во ОН. Писмото е испратено до генералниот секретар на организацијата и претседателот на Советот за безбедност

„Целиот тој спектакл со ослободувањето на Рака е изведен откако авијацијата на злосторничката коалиција изврши крвав масакар кој однесе живот на илјадници луѓе, а самиот град го збриша од лицето на земјата. Во позадината на тие случувања коалицијата и терористите поврзани со нив осигурале безбедно повлекување од Рака и Дејр ел Зор на терористите од ИСИС, од кои поголем дел се странски милитанти“, се наведува во писмото на привремениот полномошник за работите во Сирија Мунзер Мунзера.

Според неговите зборови, коалицијата им помогнала на милитантите да се преместат „за да нападнат единица на сириската војска и нејзините сојузници во провинцијата Дејр ел Зор“.

Во врска со тоа, Мунзер навел дека изјавите на колаицијата за плановите за обнова на Рака биле насочени кон тоа да се „избришат трагите од чудовишниот злочин“.

На крајот на октомври Сириските демократски сили објавиле дека со помош на американската коалиција, во потполност ја ослободиле Рака од милитантите на ИСИС. Операцијата траела до месец јуни.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This