Злосторство ја потресе Србија: Лекар од Нови Сад си ги застрелал родителите во викендичка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лекарот Зоран Коматовиќ (48) од Нови Сад ги убил своите родители Љубодраг (77) и Гордана (66) утрово во викендичка во населбата Дока, кај Сремски Карловци.

Истрагата треба да утврди зошто лекарот кренал раце врз неговите родители, а Коматовиќ го признал делото.

Според неофицијалните информации, Зоран се расправал со неговите родители околу продажбата на викендичката каде биле вчераутро. Во бес, тој зел ловна пушка и ги застрелал таткото и мајка си.

Тој ги оставил телата, а потоа избегал и ја скрил пушката.

По неколку часа, еден сосед дошол кај Коматовиќи и ги пронашол нивните тела.

Инспекторите набргу утврдиле дека не станува збор за тоа дека еден од сопружниците го застрелал другиот па се убил, туку дека зад злосторството стои нивниот син. Тој набргу бил уапсен во Нови Сад.

Осомничениот е единственото дете на Љубодраг и Гордана.

Според познаниците, Зоран бил момче за пример. Дипломирал на Медицинскиот факултет и живеел со своите родители долго време. Кога решил да се осамостои, изнајмил стан во Нови Сад, а неговите родители, особено неговата мајка, се обиделе да му помогнат да го опреми.

Работел како општ лекар во неколку ординации низ Нови Сад, а пред неколку години за време на големите поплави во Обреновац бил да им помогне на повредените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This