ЗЛОТО СЕ БУДИ: Америка ја приморува Турција да бара нови сојузници, откако Трамп предизвика историски пад на турската економија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди на тоа дека едностраните мерки на Вашингтон би можеле да ја примораат Турција да бара нови пријатели и сојузници


Ердоган тоа го рекол во интервју за американскиот весник „Њујорк Тајмс“, во кој наведува дека билатералните односи помеѓу Турција и Америка во последно време се прилично заострени.

„Во време кога злото почна да се буди ширум светот, Америка започна да применува еднострани мерки против Турција, иако бевме сојузници веќе неколку децении. Се уште не е доцна, Вашингтон би требало да се откаже од идејата нашите односи да бидат асиметрични и да се помири со фактот дека и Турција има алтернатива“, рекол турскиот претседател.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека ќе ги зголеми царините на алуминиум и челик од Турција на 20, односно 50%, што предизвика пад на турската лира на историски минимум.

Медиумите потсетуваат дека односите помеѓу САД и Турција во последно време се заоструваат и поради ситуацијата со американскиот свештеник Ендру Брансон, кој турските власти го уапсија во 2016. година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This