April 24, 2024, 11:00 pm

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОНАЦИЈА ЗА ПРОЦЕНТИ ПО ЏЕБОВИ: Оливер Спасовски злоупотребува донација од Чешка за да го наполни сопствениот и џебот на неговиот другар!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Набавка на преку 40 возила за потребите на МВР, и тоа без спроведување на тендерска постапка преку договор во четири очи и по некој процент е најновата „реформа“ од животот на СДС

 

Според текст објавен на веб-сервисот „Justpaste.it“ кој редовно се користи од т.н. „свиркачи“, Оливер Спасовски како оддолжување кон неговиот долгогодишен партиски другар и финансиер на СДС, од Чешката Република ќе набавува 40 возила за потребите на МВР „Шкода Октавија“ и тоа без спроведување на тендер, туку во непосредна спогодба што би се рекло во „четири очи“.

Автомобилите ќе се импортираат преку фирма блиска до СДС, која пак не е генерален импортер и нема право за ваква операција.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Како импортери на возила сакаме да реагираме на намерата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во непосредна спогодба да набави преку 40 возила за полицијата со донацијата од 1 милион евра од Чешката Република.

Возилата Шкода Октавија ќе бидат купени од дилерот но не и овластен дистрибутер Де Лукс Ауто од Куманово, фирма на Бобан Спасовски близок пријател на Оливер Спасовски и долгогодишен повеќекратен донатор преку својата фирма на партијата СДСМ во периодот кога Оливер беше генерален секретар на СДСМ.

Целата постапка се одвива на нетранспарентен начин под превезот на итноста без да се објави електронска аукција на која сите импортери ќе имаат еднакви шанси за натпревар. Зачудува фактот што за оваа количина на возила се добива многу поголем попуст од страна на производителот на автомобилот ако истиот е порачан преку овластениот дистрибутер. Со самото тоа би се намалила цената или би се добиле повеќе возила за истите пари. Спецификацијата е направена стриктно за моделот на Шкода Октавија иако и тоа не е законски допустиво. Очекуваме реакција и од Чешката Амбасада во Скопје за оваа скандалозна постапка која во најмала рака треба да се стопира и поништи. И во минатото се случувало да има ограничувања на условите но никогаш не била изземена електронската аукција на која сите импортери кои ги исполнуваат условите имаа еднакви шанси за наддавање. 1 милион евра за 40 возила изнесува 25.000 евра по возило. Верзија на Октавија со автоматски менувач и најмоќниот мотор и Ambition пакет на опрема изнесува 25.000 евра. За нарачка од 40 возила дилерскиот попуст е околу 25%, а попустот на дистрибутерот е повисок. Со оглед дека нема да се набават овие моделски верзии тогаш станува збор за уште пониска цена од горенаведената.

Апелираме да се почитуваат пазарните принципи и вредности и да се овозможат фер услови за сите економски оператори на пазарот! – стои во текстот објавен на веб-сервисот „Justpaste.it“.

[/kopa_block_quote]

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This