Злocтopcтвoтo вo Индијанаполис гo извpшил пopaнeшeн paбoтник нa Фeдeкc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деветнаесетгодишникот, кој уби осуммина вработени во Федекс во Индијанаполис, а потоа изврши самоубиство е поранешен вработен во таа фирма. Тој бил во психијатриски притвор минатата година, соопштија американските власти.

Федекс и полицијата го идентификуваа напаѓачот како Брендон Хол, поранешен работник во центарот.

Меѓу убиените има и четворица припадници на верската заедница Сики, а претставници на безбедносните служби изјавија дека не може да се тврди дека мотивот за нападот е расна или етничка омраза. Организацијата за заштита на правата на Сиките побара поведување истрага за можно злосторство од омраза.

Инцидентот се случи во оперативниот центар Федекс, недалеку од меѓународниот аеродром во Индијанаполис. Очевидци изјавија дека напаѓачот отворил оган од пушка на паркингот, по што влегол во зградата, каде продолжил да пука. Полицијата го пронашла телото на осомничениот и сите индиции покажуваат дека тој извршил самоубиство.

Ова е најновиот од најмалку седум слични инциденти во САД во изминатиот месец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This