ЗНАЕЛ ЛИ ДРАГИ РАШКОВСКИ ЗА „PEKET“ НА БОКИ 13 И ЈАСНА МАНДИЌ? Најблиската соработничка на Боки13 член на владиното тело за соработка со НВО секторот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали и Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата кој неодамна беше центар на внимание во аферата која ја открија медиумите за наводно барање на мито од италијанската компанија „Леонардо“ за проект за поставување на нов радарски систем на аеродромот „Александар Велики“ е вмешан и во уште една афера, овој пат заедно со Бојан Јовановски-Боки13, Зоран Милевски-Кичеец и Јасна Мандиќ втор сопственик на 1ТВ и потпретседател на Меѓународен сојуз

 

 

Јасна Мандиќ, жената која добивала стотици илјади евра врз основа на авторски договори била и дел од владиното тело формирано од Генералниот секретаријат на владата за соработка со невладиниот сектор во Македонија.

По избивање на аферата за „Рекет“ името на втората сопственичка на „1ТВ“ е експресно избришано од списокот имиња на членови во телото на секретаријатот за соработка со НВО секторот во земјава.

За среќа, она што еднаш ќе се појави на интернет секогаш останува на интернет, а Рашковски би требало тоа подобро да го знае со оглед на фактот што на Правниот факултет беше асистент и по информатика.

 

 

Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината организација на Боки13 „Меѓународен Сојуз“ и втор сопственик на телевизијата „1ТВ“ во 2018 година учествувала, под претпоставка, во шемата на првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, примајќи 233 илјади евра врз основа на авторски договор.

Како што пренесе телевизија „Телма“, освен од јавниот финансиер, битолскиот градежник Силјан Мицески на ГП „Пелистер“, во позадина Боки 13 влечел пари и од други фирми. Идејата за изградба на модерен европски центар за возрасни лица трет во низата предвидени проекти во скопката населба Карпош, ја поддржала струшката фирма Дрим билдинг д.о.о.е.л., договор до кој дојде Телма Телевизија. Во 2018 година градежната фирма од Струга на потпретседатлката на Сојузот на Боки 13, Јасна Мандиќ и исплатила 233 илајди евра со авторски договор.

За разлика од другите бизнисмени стружаните го обврзале претседателот на сојзуот Боки 13 и му дале рок од 120 – до 180 денови да ги обезбеди сите документи за отпочнување на проектот. Сојузот требал да обезбеди локација, проект и одобрение за градба. Рокот од три месеци изминал, а партнерите на Боки 13 му побарале 350 илајди евра назад со пресметани казнени пенали, пари кои никогаш не ги вратил, а за кои се претпоставува дека се предмет на рекетот на Бојан Јовановски.

Оттука произлегува и прашањето, дали Драги Рашковски знаел за активностите на Јасна Мандиќ, иако според неговата работна позиција тој морал да знае кои луѓе се членови на владино тело формирано токму од секретаријатот каде што тој членува?

Зошто Драги Рашковски го тргнал името на Јасна Мандиќ од списокот на членови во ова тело? Прикрива ли траги на вмешаност во случајот „Рекет“?

На овие прашања се побрзо се губи надежта дека јавоста некогаш ќе добие одговори, имајќи ја во предвид бледата и лигава истрага на Јавното обвинителство во случајот за кој во јавноста се шпекулира дека се вмешани низа на високи владини функционери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This