Знаете ли колку вечерва вредеа клупите на Англија и Белгија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во Калининград се одигра натпреварот помеѓу Англија и Белгија кој беше директен дуел за првота позиција.

Сепак, со оглед на тоа дека овие репрезентации претходно обезбедија место во осминафиналето ова беше прилика селекторите да им дадат одмор на стандардните првотимци.

Герет Саудгејт направи дури осум измени од вообичаениот состав, а Белгија промени девет играчи. Нападот на Англија го предводеше Џејми Варди, а белгискиот Мичу Баштуаи.

На клупата на Англија се наоѓаа големи ѕвезди како Хари Кејн, Рахим Стерлинг и Деле Али.Додека на клупата на Белгија беа Еден Азар, Ромелу Лукаку и Кевин Де Брујн.

Интересно, вкупната вредност на играчите кои се наоѓаа клупите на двете репрезентации според „Трансфермаркт“, изнесува неверојатни милијарда и 85 милиони евра. Англиската клупа вредеше 549 милиони евра, а клупата на Белгија 536 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This