Значајна победа на Пандев со Џенова пpoтив конкурентот за опстанок Лече

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тимот на Џенова за кој настапува капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, вечерва извојува тешка, но многу важна победа во 34. коло од Серија А. Совладан е Лече со 2:1. Токму Лече е еден од конкурентите на Џенова за опстанок во лигата.

Пандев иако не постигна гол, повторно беше еден од најдобрите во својот тим. Македонецот му асистираше на Санабрија при првиот гол за Џенова, ги разигруваше соиграчите и ја оправда довербата на тренерот Давиде Никола кој го остави на теренот речиси цел натпревар.

На четири кола до крајот на првенството во Италија, Џенова е на „безбедното“ 17. место со 33 бода, Лече е во зоната на испаѓање со 29, Бреша е само со теоретски шанси за опстанок со 24 бода, а испаднат од поодамна е СПАЛ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This