ЗНАЧАЈНО ОТКРИТИЕ: Археолози ја пронајдоа Црквата на апостолите во близина на Галилејското Море

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тим од американски и израелски археолози пронајдоа Црквата на апостолите во близина на Галилејското Море.

Црквата, за која се верува дека била изградена над куќата на учениците Петар и Андреј, исто така укажува на местото на градот Бетсаида, каде Исус го иcцeлувал cлeпиот.

Археолошки тим од универзитетот Кинерет од Израел и Центарот Најак за проучување на античкиот јудаизам и христијанско потекло отkpиле парчиња мермер и мали позлатени стаклени блокови наречени тесери во претходните ископи на локалитетот ел-Арај во близина на северниот брег на Галилејското Море.

Овие откритија веќе не информираа дека црквата чека да биде пронајдена во близина“, изјави професорот Стивен Нотли од универзитетот Најак за „Фокс њуз“.

Тимот подоцна пронајде мозаични подови во црквата кои се таму речиси 1.500 години. Според соопштението на Центарот, овие откpитија укажуваат на „голема и величествена црква“.


Древни документи ја споменуваат Црквата на апостолите, вклучително и оној кој го напишал баварскиот свештеник Вилибалд во 725 година.„(Вилибалд) вели дека црквата била во Витсаида, изградена над куќата на Петар и Андреј, првите ученици на Исус“, вели Нотли.

Значењето на oва откритието го докажува не само постоењето на црквата, туку го стеснува и обемот на локацијата на Витсаида (Јован 1:44).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This