ЗНАЧИ, ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ: Heмaлo мacoвни oдjaви на вработени вели директорката, па дополни дека АВРМ нe ги регистрира oдjaвитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Билјана Јовановска, директорката на АВРМ вечерва во „Топ Тема“, на Телма телевизија, прво вели дека немало масовни одјави, а потоа вели дека бројот на престаноци на работните односи не ги евидентирала АВРМ.

Како може тогаш Јовановска да знае дали имало или немало толкав број на откази од страна на работодавачите?

-Што се однесува до угостителството, јас би сакала да кажам дека не е вистина дека има таква масовна одјава како што беше спомената вчера на вработени во угостителството, категорично негирам дека е тоа така, вели Јовановска.

Таа рече дека со овластување на работодавачот затоа што не може поинаку, може да се извадат листинзи за одредено лице, и ќе се докаже дека таков број на одјави од социјално осигурување од угостителската дејност имало.

На следното поставено прашање за тоа дали може да се види бројката на луѓе коишто добиле откази, а колку се нововработени во овој период за да се спореди, директорката на АВРМ контрадикторна на претходното тврдење истакна дека Агенцијата за вработување не води број на престаноци а вработените, тоа го правел ДЗС.

-Агенцијата прима м1,м2 обрасци за одјави од социјално задолжително осигурување и Агенцијата за вработување не води број на престаноци или број на вработени, тоа го прави Државниот завод за статистика, вели Јовановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This