ЗНАЧИ ЛАЖАТ, СУШАТ: До 2025 година Македонија нема теоретска шанса да влезе во ЕУ, Заев и Шеќеринска лажат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер не ја гледа Македонија како сериозен кандидат кој во наредниве 8 години може да стане член на ЕУ.

За разлика од Србија и Црна Гора Македонија не е дел од групата земји за кои се изготвуваат планови за влез.

Во неговото “Писмо за намери” испратено до претседателот на Европскиот Парламент и Европскиот Совет, Јункер најавува Стратегија за успешен пристап на Србија и Црна Гора до крајот на 2018 година со перспектива за целосно членство до 2025 година.

Во стратегијата во која има 10 приоритети со кои треба да се дојде до пообединета, посилна и подемократска унија од Западен Балкан се споменуваат само Белград и Подгорица а Македонија не се споменува воопшто.

Главните теми од пораката на Јункер која тој во традиционално обраќање ја испраќа секој септември, се владеење на правото, основните права , битката против корупцијата како и стабилноста на регионот.

Стратегијата на Јункер е спротивна на планот на македонските власти кои очекуваат дека дипломатските активности спроведени во првите 3 месеци особено во однос на соседите ќе доведат до чиста препорака за преговори и добивање датум за почеток за разгледување на 35 поглавја за влез во ЕУ.

Според пораката на Јункер Македонија го пропушта возот на Србија и Црна Гора и станува дел од композицијата во која се Косово и Босна и Херцеговина.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This