April 27, 2024, 12:24 am

ЗНМ СО PЕАKЦИЈА: Ја повикуваме Владата да не се впушта во оценки за професионалните стандарди на медиумите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здружението на новинарите на Македонија pеагиpа на заклучокот на Владата на Република С… Македонија од 8-ми мај, со кој се дава оценка за работата на Македонската радио телевизија.

Во заклучокот се вели дека Македонската радио телевизија не ги исполнила професионалните и етичките новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристpасност и објективност во информирањето. Неспорно е дека МРТ во минатото беше кpитикувана во повеќе меѓународни извештаи дека пропуштила да известува професионално за настани од јавен интерес, се наведува во реакцијата од ЗНМ.

Укажуваме дека според членот 104 од ЗААМУ, Македонската радио телевизија како јавен радиодифузен сервис е независна од кој било државен орган, друго јавно правно лице или трговско друштво и треба во уредувачката и деловната политика да биде непристрасна кон нив.

Сепак, потенцираме дека Владата не е надлежна институција која треба да ја оценува работата на медиумите. Ја повикуваме Владата да не се впушта во оценки за професионалните стандарди на медиумите, бидејќи со тоа излегува од својата надлежност и ја презема работата на медиумските (само)регулаторни тела.

Истовремено, го повикуваме Собранието на РСМ, итно да го продолжи процесот за избор на нов состав на Програмскиот совет на МРТ, како предуслов за реформа на јавниот сервис со што ќе се придонесе кон негова професионализација, кпевање на стандардите, но и развивање на дописничката мрежа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This