April 23, 2024, 11:50 am

ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ КАЈ „ТРИ БИСЕРИ“: Се воведува зонско паркирање во реонот кај ТЦ Три Бисери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зонско паркирање се воведува во реонот зад трговскиот центар „Три бисери“ по барање на жителите од тој дел на Општина Аеродром.

ЈП „Градски паркинг“ во моментов поставува информативни табли на локацијата што ќе се води како зона Д2. Условите се исти како и за другите зони каде што има воведено вакво паркирање и ќе важи од 7:00 до 23:00 часот секој ден освен недела.

Добра вест за станарите од овој реон, како и од сите други со зонско паркирање во Аеродром е што ќе можат бесплатно да паркираат по три возила што се водат на иста адреса. Уште една предност за сите регистрирани во системот на зонско паркирање е што ќе можат да се паркираат бесплатно во сите зони на целата територијата на Општина Аеродром.

Жителите од новата зона Д2 можат да аплицираат во кол-центарот што се наоѓа зад ТЦ „Бисер“. Обрасците за пријавување и другите потребни документи и детали се објавени на интернет-страницата на ЈП „Градски паркинг“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This