ЗОРАН ЗАЕВ БИЛ ЦЕЛОСНО ИНФОРМИРАН ЗА БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ: Кога ќе дојде време јас и министерот Спасовски ќе ги кажеме сите детали од истрагата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги знам сите детали, целосно сум информиран. Кога ќе дојде време јас и министерот Спасовски ќе ги кажеме сите детали од истрагата и за делот на внатрешната истрага на МВР и за делот на Јавното обвинителство.

Законите во Македонија налагаат дека кога имате налог од Јавното обвинителство истрагата треба да заврши и потоа да бидат соопштени резултатите и ние тоа ќе го почитуваме, изјави премиерот Зоран Заев за текот на истрагата околу бегството на поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Унгарија, откако требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна.

Истрагата се однесува на прашањето кој и како му помогнал да ја напушти територијата на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This