Зоран Заев доби aмнeзиja, па зaбopaви дека ги oбвинyвaшe рyckите бизнисмени за финансирање на нeмиpи во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благопријатната атмосфера на македонско-рускиот бизнис форум, најверојатно влијаеше премиерот Зоран Заев да не може да се сети, дека лани тврдеше оти руски бизнисмени со пари поттикнуваат насилства во Македонија.

Колку за потсетување, Премиерот, во интервју за еден од највлијателните портали во САД БАЗФИД, лани изјави дека „грчки бизнисмени“ што „ѝ се наклонети на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство“ пред клучниот референдум.

Иста теза имаше по протестите пред Собрание откако Македонија го потпиша договорот со Грција во Нивици.

Но, за разлика од тогаш, премиерот денеска имаше позитивна реторика и на форумoт истакна дека Русија е наша пријателска земја и ќе соработуваме со неа, но дека тоа нема да влијае на фокусот кон зачленувањето во НАТО и ЕУ.

Рускиот заменик-министер за индустриски и трговски развој Алексеј Груздев, на форумот порача дека интензивирањето на македонско – руската соработка зависи од Владата на Заев.

ИЗВОР: АЛФА

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This