ЗОРАН ЗАЕВ ЛАЖЕ, СУШИ: Лага е информацијата дека владата заштедила 10 милиони евра со повлекување на рекламите, истите чинеле 10 пати помалку!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се точни тврдењата на новиот премиер Зоран Заев дека со прекинување рекламирањето на CNN и BBC веќе биле заштедени 10 милиони евра.

Заев денеска од собраниската говорница информираше дека кампањите се прекинати и дека веќе биле заштедени 10 милиони евра.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-Заштедите во државната каса почнаа. Веќе се заштедени 10 милиони евра, ги прекинавме кампањите на Си-ен-ен и Би-би-си, реќе Заев.[/kopa_block_quote] Сепак, според информациите до кои дојдовме, вкупната реална сума на овие кампањи изнесувала 1,5 милиони евра.

Имено, Владата воопшто не се рекламира на BBC, додека за CNN сумата изнесува 960 илјади евра, а има реклами и уште во три познати светски медиуми Eurosport, Euronews и Travel Channel, со што се доаѓа до вкупна сума од 1.5 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ: Рекламите донесоа голем бенефит за државата

Според ВМРО-ДПМНЕ, емитувањето на Владини реклами на еминентните светски телевизии донеле голем бенефит за државата.

– Владиното рекламирање во овие реномирани медиумски куќи позитивно ја презентираше Република Македонија и ги запозна мегународните инвеститори со бизнис можностите кои ги нуди Република Македонија. Владиното рекламирање во овие еминетни медиуми го зголеми и бројот на странски туристи во Република Македонија, па така од некогашните 442.845 ноќевања во 2006 година, во 2015 бројката на странски туристи кои оствариле ноќевање во Републука Македонија изнесува 1.036.383.

Емитувањето на Владините реклами и промоцијата на Република Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, одеше под уставното име на државата промовирајќи ги највисоките национални интереси. Со укинувањето на рекламите, како што се наведува, СДС го тргнува и промовирањето на името Македонија од светските медиуми во позитивен контекст.

– Наместо антиреформи граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, а лекарите очекуваат плата од 100.000 денари, граѓаните ги чекаат и новите 500 километри автопат кои СДС им ги вети, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This