ЗОРАН ЗАЕВ НАМЕРНО ИЛИ НЕ, Е ПОГРЕШНО ИНФОРМИРАН: Реакција на Руската Амбасада во Македонија на изјавите на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев во интервју на телевизијата „24 Вести“ погрешно ја информира јавноста, или можеби и тој самиот бил погрешно информиран, реагираат од Руската амбасада во Македонија, на тврдењето на Заев дека рускиот амбасадор „се однесувал недозволиво“ во земјава и бил предупреден.

„Намерно или не, Зоран Заев е погрешно информиран. Протерувањето на нашиот дипломат беше изненадување. Никогаш не сме добиле никави предупредувања ниту „докази“ за кои зборува премиерот. И натаму сметаме дека овој чин е неоснован и нанесува штета на руско-македонските односи“, напишаа од Руската амбасада во Скопје на Твитер, за чинот на протерување на рускиот дипломат.

Македонското МНР пред две недели, како чин на солидарност и на барање на Велика Британија протера Руски дипломат од земјава, како дел од координираната акција поради случајот со труењето на екс-полковникот на ГРУ Сергеј Скрипаљ во Солсбери.

Неколку дена по портерувањето, меѓународната организација за заштита од употреба на хемиско оружје при Обединетите нации, соопшти дека во случајот во Солсбери воопшто не бил користе отров од Руско производство, туку отровот Б-3 кој се произведувал во САД и Велика Британија, а бил користен како воено оружје од средината на минатиот век.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This