March 29, 2024, 12:44 am

ЗОРАН ЗАЕВ НЕ МОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ ЕДИНСТВО КАЈ ПРАТЕНИЦИТЕ: Најмалку 10 пратеници од СДСМ нема да гласаат за Уставните измени!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утре на пленарната седница за почеток на постапката за уставни измени Заев не само што нема да има 81 пратеник во поддршка за 2/3 мнозинство, туку извесно е дека ќе нема ни 61 пратеник кои ќе гласаат “За.”


Од партиски извори на владеачката партија се дознава дека СДСМ, а особено премиерот Зоран Заев се нервозни што се поизвесна е можноста во понеделник ја првото гласање за почеток на процесот на уставните измени да не им гласаат 10 пратеници од прокламираното парламентатно мнозинство, објави Магазин.мк.

Имено до Заев, индиректно, а се почесто и директно се обраќале пратеници од СДСМ но и албанските партии кои се во опозиција кои пријавувале дека во понеделник на пленарната седница не сакаар да се жртвено јагне за нешто што е однапред осудена на пропаст.

Имено Заев тврди дека има 71 пратеник во поддршка, како пратеникот Ферид Мухиќ јасно повторил дека откако ги прочитал описните текстови за уставни измени останал на ставот дека нема да ги гласа на пленарната седница закажана за утре.

За Заев недостапни се и двете пратенички од ДОМ, Поповска и Морачанин кои не го гласаа ни Законот за употреба на јазиците. Поповска вчера ја бојкотираше и работата на Собраниската комисија за уставни прашања како член од парламентарното мнозинство.

Пратеници од внатрешноста, особено од ИЕ 4 и ИЕ 5 јасно му ставаат до знаење на Заев дека на овој или оној начин нема да можат јавно да гласаат за уставни измени по непостигнатиот договор за поддршка од ВМРО – ДПМНЕ. Сметаат дека со тоа би наишле на осуда од својот електорат со што би ставиле крај на својата политичка но и партиска кариера.

Воедно се изјасниле и дел од независните пратеници од т.н. граѓански секторо кои најавиле можно отсуство.

Најгласни биле пратениците од Алијанса за Албаниците но и ДПА и тетовското крило на БЕСА на Касами кои јасно потенцирале дека Заев нема поддршка за овие уставни измени како тие не ги пресликуваат нивните барања дадени како ветување пред сопствениот електорат, со што појасниле дека извесно е дека ќе гласаат воздржано, со барање по изборите прово да се прошири Тиранската платформа во своите барања па да се даде согласност за формирање ново парламентарно мнозинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This