April 19, 2024, 10:55 pm

ЗОРАН ЗАЕВ ЌЕ ГО МЕНУВАЛ ИМЕТО: Под притисок на членство во НАТО, Македонија ќе добие ново име и траен товар врз Македонскиот народ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Политичарите и нивните пријателства, искрени или не, се минливи, но тоа што ќе се потпише, сменетото име и идентитет, ќе останат со децении, можеби и векови, можеби и засекогаш.

 


Во првата половина од годинава може да се реши проблемот со името и Македонија може да добие датум за почеток на преговорите и покана за членство во НАТО, изјави премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на прашање на денешната заедничка прес конференција со министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Знам дека оптимизмот кој го има и пријателството кое го создаваме ќе ни биде само од полза односно ќе овозможи поволни околности конечно да се изнајде решение на овој проблем, што Грција го има со нашето уставно име, рече Заев.

Ваквите оптимистички очекувања, како што рече Заев, се резултат на оптимизмот што владеел во Македонија и Грција околу решавањето на прашањето за името како и пријателската атмосфера која се создавала меѓу двете земји.

– Македонија е решена во првото полугодие од годинава суштествено и вистински да навлезе во решавањето на проблемот со името. Убеден сум дека е можно да се најде решение, но за тоа секако е потребно подготвеност и од другата страна, рече Заев.

Новото решение траен товар на целата држава и народ

Политичарите и нивните пријателства, искрени или не, се минливи, но тоа што ќе се потпише, сменетото име и идентитет, ќе останат со децении, можеби и векови, можеби и засекогаш.

Заев денеска се пофали дека додека бил во Солун, му се јавиле и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и премиерот Алексис Ципрас.

– Верувам дека ја подобрувам севкупната клима за решавање на прашањето и драго ми е што на двапати додека бев во Солун ми се јави министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, а ми се јави и премиерот Алексис Ципрас. Сето тоа е само дополнителна потврда дека постојат извесни шанси да се изнајде решение и на овој суштествен проблем- додаде Заев.

Оние со кои што сега Заев создава „пријателска атмосфера“ и со кои заедно ги поминува новогодишните празници, а не со својот народ, за неколку месеци можеби ќе бидат или опозиција или пак надвор од политиката.

И Заев исто така, порано или подоцна ќе се врати во Струмица во неговите фирми, но остапките кои сега ќе ги направи доколку се неразумни и штетни, ќе не следат сите нас со години и децении, а земјата со векови.

Според аналитичарите, решавање на спорот за името или негова промена – судејќи според непроменетата атинска клима кога се црвените линии во прашање, е можеби најболната ситуација со која како држава ќе се соочиме оваа 2018 година.

Последниве месеци најинтензивно се лицитира со името на домашен терен. Жално но вистинито. Последно и вицепремиерот Кочо Анѓушев, најотворено си кажа оти за него и Горна и Северна и сите опции за ново име му одговарале. Заев за ваквата изјава рече дека го почитувал секое размислување.

39 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This