ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ – ЧЕЛИКОТ НАЈСЕРИОЗЕН КАНДИДАТ ЗА ДИРЕКТОР НА БЈБ: Екс-командант на специјалните сили во 2001-та најверојатно ќе го наследи Лазе Велковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Јовановски – Челик, генерал на специјалните сили во 2001-та и долгогодишен полициски припадник е најсериозниот кандидат за наследник на Лазе Велковски за директорското место во Бирото за јавна безбедност, пренесуваат провладините медиуми

 

Зоран Јовановски – Челик важи за еден од најпочитуваните полициски функционери во МВР, токму поради неговото учество во конфликтот во 2001-та како командант на една од специјалните единици, при што беше тешко повреден во акција во Ваксинце.

Во периодот на министерувањето на министерот Хари Костов беше деградиран и испратен на пријавница во МВР, а потоа прераспределен како диспечер. До 2017-та пред да замине во пензија беше началник Единицата за известување и командување (ЕИК).

Неговиот претходник, Лазе Велковски се очекува да биде разрешен на седница на Влада откако по скандалот со злоупотреба на службениот џип „Рејнџ Ровер Дискавери Спорт“ ја испрати својата ќерка на летување во Грција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This