April 18, 2024, 11:48 am

ЗОШТО БЕБИЊАТА НА ПИТАЧИТЕ СЕКОГАШ СПИЈАТ: Еве која е мрачната вистина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во близина на метро станицата седи женска личност на неодредена возраст. Косата и е бушава и валкана, погледот жалосен.

Жената седи на валканиот под, а покрај неа лежи торба. Во торбата луѓето фрлаат пари. На рацете од жената, спие бебе старо година или две.

„Тажна слика“ – бројните минувачи ќе донираат пари. На народот секогаш му е жал за оние кои имаат помалку среќа.

Помагањето, изгледа како „Добар бизнис“.

Поминав покрај питачката. Не ѝ дадов никакви пари, затоа што знаев дека тоа е банда! Погон од измами и парите собрани од питачите ќе ги има оној кој ги контролира питачите на тоа подрачје.

Тие луѓе поседуваат бројни луксузни недвижнини и автомобили. Оф, и питачот исто така добива нешто, секако, шише вотка во вечерните часови и сендвич со плескавица или сл.

Месец дена подоцна, поминувам пак покрај питачка… и како гром кој одненадеж ме удира…

Застанувам на прометната раскрсница, зјапам во бебето, облечено како и секогаш во валкани тренерки. Сфатив дека изгледа „погрешно“, дете во валкана метро станица од утро до мрак. Бебето спие. Никогаш не плаче или вика, секогаш спие, со лице свртено кон коленото на една жена која најверојатно му е мајка.

Дали некој од вас, читатели, има деца? Сетете се колку често спијат на возреаст од 1-2-3 години? Час, два, максимално три (со прекини) пладневна дремка, па пак – покрет. Месец дена, секој ден шетав во станицата, никогаш детето не го видов будно!

Погледнав во тоа ситно битие со лице свртено кон коленото на мајка му, а потоа во лицето на таа жена питач и мојот сомнеж беше прогресивно формиран.

„Зошто спие цело време? – праша зјапајќи во бебето. Питачката се направи дека не ме слушна. Ги спушти очите и го скри лицето во јаката од својата бедна јакна. Го повторив прашањето. Жената повторно го подигна погледот. Погледна некаде зад мојот грб, крајно иритирано. Конечно промрмори:

„Е*** се!“

-Зошто тоа спие?!!!! Скоро се расплакав….

Зад мене некој ја стави раката на моето рамо. Се свртев. Некој старец ме гледаше со неодобрување: „Што сакате од неа? Зарем не гледаш колку е напатена… Ех…“

Тој изброја некоја пара од џепот и ги фрли во торбата на питачката.

Следниот ден повикав пријател. Тоа е еден смешен човек со очи како маслинки од романска националност. Тој успеал да заврши само три и пол години образование.

Сепак тој недостаток на образование не го спречуваше да се движи низ градските улици во доста скапи странски автомобили и да живее во куќа со безброј прозори и тераси. Од тој мој пријател успеав да дознаам дека овој бизнис, и покрај привидната спонтаност, јасно е организиран.

Питачењето е организирано од страна на криминални банди! Децата се користат во „закуп“ од семејствата алкохоличари, или едноставно се украдени.

Потребно ми да добијам одговор на прашањето – зошто бебето спие? И го добив.

Мојот пријател ми раскажа, со потполно обичен смирен глас кој ме остави во шок, исто како да зборуваше за временска прогноза:

„Тие се на хероин, или на вотка…“

Бев вчудоневидена.

„Кој е на хероин?!“

„На кого – вотка?!“

Тој ми одговори: „На детето, така да не вреска. Жената седи таму со него цел ден, и замисли како тоа може да биде досадно?“

За бебето да спие по цел ден, потребно е да му се даде алкохол или дрога. Секако, органите на децата не се во состојба да се носат со таков шок. И децата често умираат.

Најстрашно е – понекогаш децата умираат во рацете во текот на „работниот ден“. И имагинарната мајка мора да држи уште едно мртво дете на рацете до вечерта. Тоа се правила. И минувачите ќе фрлаат пари во нејзината торба, верувајќи дека се морални. Помагајќи ја „мајката“….

Утредената отидов на истата станица на метрото. Криејќи се зад лажниот новинарски идентитет, и бев спремна за сериозен разговор. Разговорот не успеа. Но, се испостави следното:

„Жената седеше на подот и во нејзините раце држеше дете. Кога ѝ поставив прашање за документите на детето, и што е најважно, каде ѝ е вчерашното дете, таа едноставно сè изигнорира.

Моите прашања не беа игнорирани од страна на минувачите. Ми беше речено дека сум надвор од себе, врескам на питачката со дете… Единствено што остана е, да се викне полиција.

Кога полицијата стигна, питачката со бебето исчезна. Стоев долго и размислував дека ја всушност само „се борам со ветерниците“.

Кога ќе видите на плоштад, на мост,на некоја станица, на улица или сл… жена со деца, питачка, размислете пред раката да се фати за парите. Размислите за тоа, ако не беше таа ваша милостиња, ваквиот бизнис ќе умре.

Таквиот бизнис би требало да умре, а не децата – од дрога или алкохол. Не гледај на спиењето на детето со љубов. Погледни го хоророт…

Меѓутоа, кога подобро ќе размислиме, истото се случува и во Македонија.

Ги опиваат, ги дрогираат или им даваат апчиња за да бидат мирни и да не плачат. Затоа децата кои се злоупотребуваат за питачење по улиците постојано спијат. Оваа шокантно сознание го згрози светот.

Писмото на еден анонимен граѓанин се најде речиси на сите интернет портали. Тој месец дена набљудувал една жена која со бебе питачела во близина на метро станица во една европска метропола.

Едногодишното дете секогаш спиело што било невообичаено за негова возраст. Зачуден од оваа секојдневна слика пробал да разговара со жената но таа се правела дека не го слуша и го бркала за да може минувачите да и оставаат пари.

Потоа му се јавил на еден негов пријател од ромска националност кој му кажал дека се работи за криминална банда која изнајмувале или краделе деца од сиромашни семејства. Потоа им давале апчиња, хероин или водка за да бидат мирни и да не плачат.

Многу од нив умирале и додека се на улица во рацете на лажната мајка која мртвото тело морала да го чува до крајот на денот. Утредента на негово место било носено друго бебе. На крајот од писмото авторот на оваа грозоморна сторија апелира да не им се даваат пари на питачи бидејќи на тој начин овој бизнис би згаснал, а децата ќе бидат спасени.

Злоупотребата на децата за питачење е сериозен проблем и во Македонија. Овие слики се секојдневие по улиците, крстосниците, трговските центри, парковите не само во Скопје туку и во другите поголеми градови.

-Овој руиниран дел кој е останат од некогашното Езерце во доцните попладневни е собиралиште на неколку семејства од ромска националност кои до доцна во ноќта со децата питачат низ градскиот парк и пред летните дискотеки, а додека да се раздени преспиваат тука.

Од труд и социјала велат дека повеќе пати ги тргале од тука но тие повторно се враќале. Само оваа лето во заеднички акции на социјала и МВР на скопските улици се затекнати 40-тина деца како питачат.

Во Охрид 28, но тие биле носени од други градови, а во Куманово на патарините биле најдени 10 питачи. Од труд и социјала најавуваат дека ќе продолжат со акциите и апелираат да не им се дава пари за да се сузбие оваа сепозачестена појава.

 

 

Извор: News24

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This