April 27, 2024, 12:13 am

ЗОШТО БРАНКО НЕ ГО ТЕГНЕА ЗА УВО: Не се фаќа секој за уво, што не ме фатија мене или Бранко?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Љубиша Георгиевски македонски писател, политичар и поранешен ополномоштен амбасадор во Република Бугарија, во емисијата Топ Тема на телевизија Телма  потенцираше дека е разочаран од она што  денеска го направил Зоран Заев во посета на соседна Бугарија укажувајќи дека на тој начин не се градат добрососедските односи.

После посетата  во Република Грција, Заев вчера оствари средба и со Бугарскиот премиер Бојко Борисов. Средбата предизвика  реакција од македонската јавност, од врвни универзитетски професори, експерти, политичари од кога Зоран Заев изјави дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, се поклони пред споменикот на Бугарскиот Цар Самоил а тоа го немало во неговата агенда  и го покани Бојко Борисов заедно да го прослават празникот на македонскиот народ 2 Август.  


– Да ве фатат за уво да се поклоните пред споменикот Цар Самоил. Што не го фатија Бранко Црвенковски така убаво за уво, јас ја организирав неговата посета. Не се фаќа секој за уво, што не ме фатија мене, значи тоа не се прави со секој еден – изјави Георгиевски.

За билатералниот договор кој што Заев најави дека ќе го потпиши со Република Бугарија за добрососедски односи  на големиот македонски празник Илинден на 2 Август Георгиевски изјави:
– Што би се случило доколку утре стане албанскиот официјален јазик во Македонија. Тогаш ќе побараат договорот да биде потпишан и на македонски албански и бугарски јазик.

 

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This