ЗОШТО ДЕСОРОСОИЗАЦИЈАТА Е ПОТРЕБНА: НВО во Македонија станаа армија зависна од Сорос, во служба на неговите политики- но има лек и за тоа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НВО станаа армија зависна од Сорос, но и во служба на неговите политики. Денес битката не е со пушки и пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, корумпирани медиуми и новинари и влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади да нивните политики кон една земја ги насочат во правец на неговите цели. Тоа е реалноста и за жал така дејствува Сорос. И тогаш те прават што сакаат. Те гмечат, те сукаат, како тесто. Ќе те направат и криминалец, и лопов и предавник, и идиот, и неспособен, и монструм, се што ќе наумат. Па оди после ти излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за Република.

gruevski-proglas-640x423

Зошто Џорџ Сорос е така насочен кон Македонија, кон ВМРО-ДПМНЕ?

Прво не е од сега, тој 25 години исто делува, но сега во последните 2-3 години позајакнато.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, и секогаш кога СДСМ е на власт, повторно неговите институции се против ВМРО-ДПМНЕ, како центар десна и конзервативна политичка партија. Не постои една работа што ја направил ВМРО-ДПМНЕ во овие 25 години, а за која една негова институција како институтот Отворено општество, НВО, финансирана од него, медиум, или слично рекле дека тоа е добро. И обратно, нема ниту еден чекор на СДСМ кој го осудиле. Значи се што е од нас е лошо, се што е од СДСМ е добро, или ако не е добро барем се премолчува. Човекот кој 25 години е главен на институтот Отворено општество во Македонија е член на Централниот одбор на СДСМ. Од лани навидум се пензионираше, но всушност си постави лице кое е негов послушник, кое никој не го познава, ниту му го знае името, а ги води истите политики на претходникот. И тие не се ни кријат дека се дел од СДСМ. Имаат говори против нас на политички митинзи организирани од СДСМ. Затоа ние почнавме да ги поистоветуваме и велиме СДСМ/Сорос.

Со политичкото влијание на СОРОС, ќе ти свртат и некои влади и нивни амбасадори да се занимаваат со тебе на дневна основа и тие тераат, и ти викаат за Ваше добро работиме, сакаме да Ви помогнеме….

Неговата мрежа во Македонија, освен што има НВО, директно финансира, некои би рекле корумпира голем број новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, протестирачи, да, како што вели Трамп професионални протестирачи.

Под своја контрола имаат ставено и голем број луѓе низ институциите на системот, административци на високи позиции, судии, обвинители, лекари, еколози, и секаде каде оцениле дека ќе им затребаат за остварувањето на нивните цели. Значи делуваат и внатре, со пари и со индоктринација, и делуваат надвор со влијание кај најмоќни влади и политичари. Во Македонија имаат монопол во секторот НВО, бидејки 95 отсто од НВО се финансирани од средства на Сорос, или влади каде тој има влијание, па парите заеднички ги насочуваат и ги договараат активностите. Ако им треба т.н. ,,шарена револуција,,, тогаш преку НВО тоа го прават со пари.

Зошто македонската влада дозволила да е така со НВО?

Прашањето е на место, и тука сте делумно во право. Ако нашиот домашен приватен сектор нема чуство за подршка на НВО, и го оствава целокупно во рацете на еден надворешен меѓународен играч и странски држави, тогаш исто толку критика треба и за владата која досега доделуваше симболични средства за НВО, и на тој начин НВО станаа армија зависна од Сорос, но и во служба на неговите политики. Секоја влада во секоја држава одвојува посериозни средства за граѓанскиот сектор, без притоа да влијае на неговата работа. Кај нас, потфрливме на тој план, и тоа е секако првата, а би рекол и најважна мерка во планот за десоросиозација на општеството како што кажавме во нашиот предлог. Мора да се најдат средства, да се помогне да се развие независен граѓански сектор во Македонија. Несмее граѓанскиот сектор во иднина да остане само во рацете на Сорос и на странски влади. Денес ако сакаш да работиш во граѓански сектор, или мора да работиш за Сорос и да ја прифатиш неговата идеологија и цели, или нема место за тебе во граѓанскиот сектор. Таа грешка во иднина несмее да и се повтори на Макеоднија. Нека работи и нека инвестира Сорос во НВО, но мора активистите на НВО да имат и други извори на финсирање доколку имаат квалитетни проекти, а тие проекти мора да ги отценуваат експерти кои не се политички зависни од која и да е власт ниту пак да се зависни од странски влади и поединци.

Велите армија НВО…

Да класична армија, НВО Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Денес битката не е со пушки и пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, корумпирани медиуми и новинари и влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади да нивните политики кон една земја ги насочат во правец на неговите цели. Тоа е реалноста и за жал така дејствува Сорос. И тогаш те прават што сакаат. Те гмечат, те сукаат, како тесто. Ќе те направат и криминалец, и лопов и предавник, и идиот, и неспособен, и монструм, се што ќе наумат. Па оди после ти излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн.

Еве на пример погледнете што правеа со Прогласот на ВМРО-ДПМНЕ од 17ти декември. Ние таму јасно кажавме дека ќе ја продолжиме нормалната комуникацијата со амбасадорите, тоа на медиумите и кај аналитичарите платени од Сорос никаде го нема, но има дека сме објавиле војна на амабасадорите, и дека сме решиле да се самоизолираме. Ние кажавме дека некои амбасадори претераа во мешањето во внатрешните работи на земјата и дека тоа мора да запре, тие тоа го спинуваа дека сме против Америка и против Западот, против НАТО и ЕУ. Никој од нив не пренесе дека во истиот проглас кажавме дека бевме и ќе бидеме западно ориентирани, за членство во НАТО и ЕУ, и за стратешка соработка со Америка. Никој.Нивните платени аналитичари секоја вечер мелат иста приказна, зборувај ти што сакаш. Може светски медиуми како Асошиејтид Прес или Вашингтон Пост корекно да ја пренесат информацијата, но неможе истото да го направат медиумите финансирани од Сорос фондацијата во Македонија.

Но, има лек и за тоа…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This