Зошто другите три автобуси никогаш не застанаа да пoмогнaт?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фактот што ја збунува целата јавност е како експлозијата се случила толку брзо, без можност патниците да реагираат. На прашањето на бугарските новинари до Дијана Русинова, од Европскиот центар за транспортна политика која беше на местото на настанот – Зошто има толку многу жртви?! Таа одговори:

„Не можам да објаснам зошто изгоре толку брзо, претпоставувам дека превезувал лесно запалив материјал. Се слушаат верзии за буриња со гориво, најверојатно се работи за катализатори. Големиот судар бил на вториот тротоар кој ја блокирал задната врата, додека автобусот веќе бил во пламен и немало начин патниците да излезат.-Се обидоа да излезат од задната врата, но не успеаја бидејќи вратата беше блокирана од тротоарот, а огнот брзо изгоре сè, изјави Дијана. Русинова, Европски центар за транспортна политика.

Шверцот на евтино турско гориво во Македонија предизвика пожар во автобус и загинаа 45 лица на автопатот Струма, е главната верзија на бугарските власти за која пишуваат тамошните медиуми. Бугарските служби на Блиц откриваат дека автобусите пред да влезат во Бугарија застануваат на бензинските пумпи во Турција, пред граничниот премин Капитен Андрево, каде што полнат гориво со дизел во легални резервоари, а бензин во буриња во багажот.

„Според бугарските информативни служби за Епицентар, кои се анонимни, шверцуваното гориво се дистрибуирало во Бугарија, Србија, Македонија и други земји. Таква практика во Бугарија постои веќе 30 години и за нас не е новина. Епицентар пишува дека тоа се практикува во последните шест месеци бидејќи поскапува горивото, бидејќи во Турција е двојно поевтино отколку во Бугарија, Македонија и Србија.Туристички автобуси не само од местата што ги спомнавме туку и од други места во багажот на предниот дел на автобусот, има цистерни за таквите горива, туби кои ги превезуваат.„На автопатот Софија-Благоевград се исклучуваат од автопатот и ги чекаат автомобили“, изјави Патрица Кирилова, новинарка.

Според пишувањето на бугарските медиуми, другите три автобуси на Беса транс не се вратиле да помогнат, за да не се открие дека превезувале и шверцувано гориво. Тие побрзаа да го истоварат горивото на територијата на Македонија.

Бугарските медиуми пишуваат зошто кога се случила трагедијата, другите три автобуси не им помогнале на своите сограѓани, бидејќи патувале заедно, туку продолжиле по својот пат“, изјави Патрица Кирилова, новинарка.

На 23.11.2021 година, литар А95 во Турција се продаваше за 8,46 турски лири или 36 македонски денари. Неофицијално во гепекот имало и големо количество пиротехнички средства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This