ЗОШТО ДУИ ГО БЛОКИРА ПРЕДЛОГОТ НА ИВАНОВ ЗА НОВ ЧЛЕДН ВО CУДCKИОТ СОВЕТ: Џафери го чува предлого на претседателот во фиока

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието на Република Македонија повеќе од еден месец не постапува по предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за нов член на Cyдскиот совет, кој согласно законските прописи и рокови, бил доставен до Собранието уште во декември минатата година, соопшти кабинетот на претседателот неодамна.

Собранието еден месец не постапува по предлогот на претседателот Иванов за член на Cyдскиот совет

Од кабинетот на претседателот не открија за кого се работи, но според информациите на „Сведок“, станува збор за Бујар Сабриу, предлог кој не им се допаднал на ДУИ, по што го блокирале изборот на член на Cyдскиот совет.

На крајот на декември му заврши мандатот на Беким Реџепи, па поради неговата активност во огранокот во Сарај, во ДУИ се надевале дека младиот и непознат правник пак ќе биде предлог на Иванов, но тој се одлучил за Сабриу, кој беше член на Советот и во периодот 2007-2013 година, по што отворил адвокатска канцеларија во Тетово, пишува порталот.

Иако Бујар Сабриу, како предлог бил навреме испратен до Собранието, собранискиот спикер не ја ставил точката на дневен ред. Според собраниските извори, Сабриу бил поблизок до ДПА отколку до ДУИ, па поради тоа инсистирале да не се гласа за него, да се распишат изборите, а по доаѓањето на нов претседтел во јуни да биде доставен нов предлог за член на Cyдскиот совет, кој ќе има мандат од 6 години.

По завршување на мандат во Cyдски совет и отворање на адвокатската канцеларија, Бујар Сабриу минатата година бил нападнат со нож од одредена странка во неговата канцеларија и повреден во раката. Успеал да избега во тетовскиот cyд, а напаѓачот набрзо беше уапсен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This