April 19, 2024, 10:13 pm

ЕУ ЗА ТЕБЕ СИ ОТИДЕ ОД ПЛОШТАДОТ: Зошто ЕУ си го собира лизгалиштето од центарот на Скопје?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Затворено, лизгалиштето не работи“, натпис е кој денеска ги пречека најмладите скопјани кои сакаа да уживаат во мразот во преостанатите денови од зимскиот распуст. Неколкумина работници кои таму ги затекнавме веќе почнаа и со одлепувањето на налепниците „ЕУ за тебе“ кои беа поставени на оградата. Со тоа, донацијата на Европската унија која беше надополнување на новогодишната населба „Винтерленд“, на разочарување на најмладите си ја заврши својата работа.

А прашање е дали лизгалиштето мораше да се затвори токму сега, во екот на распустот? Односно, не можеше ли да продолжи со работа макар до неговиот крај бидејќи беше очигледно дека учениците мошне добро го прифатија неговото поставување. Вака, затворањето се случува и во периодот кога временските прилики се мошне поволни за лизгањето и кога уште многу деца можеа да добија шанса за првпат да застанат на лизгалки.
За жал, најверојатно донаторите процениле дека за четирите недели колку што лизгалиштето функционираше, си ја постигнало својата цел. Симптоматично или не, денот кога лизгалиштето се стопира, се совпадна со денешниот почеток на финалната фаза од уставните промени која почна во македонскиот парламент.
– Зарем е можно целта на лизгалиштето да била само да видиме колку ЕУ мисли на нас и тоа додека да си го смениме името, а потоа нека си се лизгаме по улиците, прокоментира скопјанец кој го довел внукот на лизгање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This