ЗОШТО Е ВАЖЕН ПОСТОТ И МОЛИТВАТА:Секоја среда и петок во годината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Постот е заповед Божја. Уште во Едем, Бог им заповеда на Адам и на Ева да јадат од сите дрва, освен од едно – дрвото на познанието. Значи им заповеда да постат и да не јадат од тоа дрво сè додека преку тој подвиг не станат зрели за да јадат од плодовите на тоа дрво. Меѓутоа, Адам и Ева, по наговор на ѓаволот, ја искористија својата слобода за да ја прекршат заповедта Божја и застранија од патот кон совршенството, та за нив стана невозможно да стигнат до беcмртноcта и до обожението за кое беа создадени.

Од тогаш, постот се смета за главно средство за борба против ѓа волот и против сопствените слабости. Христос го нагласи значењето на постот, велејќи: „овој род со ништо не се истерува освен со пост и молитва.“

Не можеме да се нарекуваме Христијани доколку не ги држиме заповедите Божји, вклучително и оваа заповед за постот.

Да не заборавиме дека заедно со постот од храна треба да се грижиме и за постот од страcтите. Се истакнува дека постот е целосен само доколку истовремено се трудиме и за двете работа: постот од храна и постот од страстите.

Така, во поглед на храната, Црквата има предвидено што да јадеме во одредени денови и во одредени периоди. За постот, пак, од страстите, добро е секој да не постапува само според сопственото мислење, туку да се посоветува со својот духовник, т.е. со свештеникот кај кого се исповеда.

Светиот Василиј Велики за постот вели: „Не ја ограничувај добрината на постот само на воздржување во исхраната. Затоа што вистинскиот пост подразбира да не правиш ништо неправедно, да ги одврзеш врските на неправдата. Простете му на вашиот ближен за 3лото што ви го направи и заборавете го она што ви го должи. Вашиот пост да биде чист, без оcудување и без расправии. Не може да не јадеш месо, а да го јадеш брата си. Да не пиеш вино, а да си полн со неправда. Ниту еден совет не може толку допре до душата на алчниот, колку средбата со воздржанието.“

Преподобниот Илија вели: „Некои внимаваат каква храна ќе внесат во себе, а се немарни за тоа какви зборови ќе изнесат од себе. Немаат научено да го изгонат гневот од своите срца и страстите од своето тело – како што вели проповедникот. Но, само на таков начин се соѕидува чисто срце кое Светиот Дух го обновува.“

Црквата става акцент на тоа да нè поттикне кон добродетелен и интензивен живот, ни открива дека целта на постот е богоцентрична, дека постот не е само телесна вежба која просто само треба да ја издржиме со гладување, туку дека постот треба да го разбираме како тријада: воздржување од храна, молитва и милостиња.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This