ЗОШТО ЗАЕВ ГИ ОСЛОБОДИ АГИМ КРАСНИЌИ И БАЈРУШ СЕЈДИУ: Озогласени криминалци, вмешани во тежок криминал и напади на избирачки места!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев и СДСМ ослободуваат затвореници, а за возврат очекуваат нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори. Владата на Заев ги ослободи Агим Красниќи и тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, осудени за тешки кривични дела, за истите да бидат ставени во функција на изборите.

 

Свесни дека Владата која ја предводат со својата работа и најавени проекти, не само што не ги исполни очекувањата, туку и ги разочара граѓаните кои можеби и малку поверуваа во најавениот „живот“ кој го ветуваше СДСМ, на Заев и СДСМ не им останува ништо друго освен повторно да се служат со лаги за локалните избори.

Ветената амнестија од страна на Заев, за осудени криминалци, според експертите и познавачите на состојбите се должи на високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ, па ослободените криминалци и бандити од страна на Заев би требало да ги заплашуваат граѓаните и тие да гласаат за СДСМ.

Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владејачката партија за локалните избори.

Од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затворот поради за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување. Осуден е на дванаесет години затвор. Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини.

Здравствените проблеми тутунскиот бос ги лечеше во кафеана во Куманово од каде порача „Да живее Зоран Заев“, кој го ослободи од затвор.

Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства, неодамна беше пуштен на викенд од затвор. Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8 септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.

Директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров во изјава за порталот МКД. мк вели дека ниту едниот, ниту другиот осуденик се пуштени на слобода, додавајќи дека Красниќи се вратил назад во затворот во точно определниот термин.

Сепак, дел од медиумите уште на почетокот на месецов пишуваа дека Красниќи ќе има право викендите да ги минува на слобода, што значи дека тој ќе биде на слобода и викендот кога ќе се одржуваат избори, во саботата кога е предизборниот молк и во неделата, на денот на избори. Со оглед на тоа дека Красниќи беше уапсен за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на парламентарни избори, може само да се претпостави овој пат која улога треба да ја одигра во корист на Заев и СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This